Мене ми кажаа од банка дека одобрените приговори ќе ги исплаќаат заедно со петиот пакет економски мерки, колку е точно не знам... Ќе почекаме би требало да не известат некако кога отприлика ќе бидат исплатени парите.
Не се уште префрлени средствата после одобрените приговори, не се мачи за џабе да прашуваш во банка. Не се знае кога ќе бидат префрлени.
Во петтиот пакет економски мерки треба да дадат пари на тие што имале Корона. Лечењето одзема многу средства, па барем нешто би им се вратило на луѓето.
На страната пишува дека се уште се ажурираат податоците. Мене ме нема на страната ама не ми пратиле ни меил на приговорот. Дали има надеж уште да чекам на страната да се ажурираат податоци
До кога се во план да проверуваат приговори? На тие што пратија последниот ден добија пред две-три недели одговор на приговорите. Јас пратив претпоследниот ден сеуште нема ништо
Планирав да ја откажам картичкава купувам домашно ама се мислам пак да не пуштат нешто за студенти. Колку се плаќа картичкава годишно ако не ја откажам? И како би ги наплатиле ако има 0 денари на истата?
Тоа валјда значи дека ќе има исплата до 31ви март, ќе одолговлекуваат. Има некој проверено дали на тие шо ни ги прифатија приговорите ни имаат пуштено пари?
Ќе ја маткаат работата со недели, невервам дека уште на некој му имат пуштено пари, пошто уште разгледуваат приговори.
Јас вчера поминував пред банкомат и ајде си реков да проверам уште еднаш, одамна немав. Пак неуспешно.
Ххах јас си проверувам од телефон скоро секој ден дали имаат префрлено пари од мој ддв од претходното тромесечие, ама од февруари изгледа ќе почнат со исплата.
Дали имате информација за приговорите дали сеуште се разгледуваат, бидејќи мене ми немаат одговорено ништо
Ако добиеш на приговор треба да си провериш со матичниот број, а ако те одбијат ќе ти стигни порака на маил.
Мене ми го имат прифатено приговорот, но сеуште нема никакво известување кога ќе започне исплатата. Се надевам ќе ги добиеме парите
Добро знае ли некој воопшто кога ќе ги префрлат парите на нас што ни ги прифатија приговорите? Историски станаа веќе, една помош мизерна низ нос ни излезе.