Јас како што разбрав ќе ги давале заедно со 5тиот пакет и ќе било до крај на март али колку е точна информацијава нз
А јас прочитав дека е донесена одлука до 31ви март да бидат потрошени средствата. Крајот не им се наоѓа.
Па со оглед на тоа што не се за македонски производи како минатиот пат. Ги подигаш кеш и си ги користиш. Нема рок до кога. Али дали ќе ги добиеме ќе почекаме да видиме што ќе кажат по медиумите
Пред некој ден имаше инфо дека со следниот пакет ќе ги исплатат и тие со блокирана сметка/неажурирани податоци. За нас со прифатен приговор немаше инфо.
Домашните платежни картички беа бесплатни до Нова година , дали сега се наплаќа за одржување и дали треба да одам во банка да ми ја исклучат ? Фалаа
Ако ја имаш сосема истрошено дебитната картичка за Купувам домашно ако немаш никакви пари веќе на неа не треба да ја одјавуваш затоа што таа била само за една употреба и кога поминува оваа владина мерка и картичката е потрошена и нема никакви пари на неа таа автоматски станува неважечка и се поништува и пред истекот на рокот на траење на картичката што е напишан на неа,.Така мене ми објасни еден познајник адвокат и затоа јас не се грижам повеќе за картичката откако ги потрошив сите пари на неа пред истекот на рокот до кога беше предвидено да ги потрошам минатата година.
Ако не е поминат рокот до кога си требала да ги потрошиш сите пари од картичката,можеш да си купиш,пример,едно смоки од Витаминка ако сакаш сосема да ја потрошиш картичката,како и да е,не треба да се секираш и да не ти е се потрошено од неа,а рокот за трошење е поминат,тогаш картичката автоматски се затвора и не можеш повеќе да трошиш од неа,како и да е,немаш гајле,од банката автоматски ја затвораат картичката по завршувањето на акцијата и таа станува неважечка.
Кој те советувал очигледно воопшто бема познавање од банкараско работење. Ако сте потпишале договор за картичката (а мора да сте потпишале, штом сте ја подигнале и користеле) прочитајте убаво што пишува во договорот. Најчесто договорите на банките се со калузула ако не ја откажеш пред рокот на истекување, автоматски се реобновува. Второ, картичката е поврзана со трансакциска сметка. Сметката согласно закон не смеат да ја затворат без писмено барање од клиентот. Исклучок е ако на сметката нема салдо, нема промет 2 години и не е блокирана. Што значи дури за 2 години ќе ги затворат, само ако се исполнети условите кои ги напоменав горе. Ако не ви требаат картичките и сметките поднесете барање за затворање и инсистирајте на потврда.
Исто.. Едни 6000ден од декември никако да ги префрлат. Се помирив дека нема да ги пуштат веќе, ќе пројдат така.
И јас некако полека полека се помирвам дека нас што ни беа приговорите прифатени нема да си ги добиеме парите
Штета шо немаме појма како да го споделиме овој проблем во јавноста. Никој ја нема начнато темава, барем повратен одговор да имавме некаков.
И јас чекам 6000ден од прифатен приговор, уште немат пуштено, а и ништо не се знае кога и дали ќе пуштат...
Утре е 31 март, а парите од прифатените приговори не ни се легнати на сметка. Пишав на info@vlada.gov.mk но сигурно нема да ми одговорат. Каде да пишеме? Каде да се обратиме? Новинари зошто молчите?
Дали со изгласувањето на петтиот пакет мерки ќе ни ги исплатат парите од прифатените приговори кои ги чекаме од декември? Има некоја информација?
Овде не сме спомнати ние со прифатените приговори, а претходниот пат баш спомнаа дека ќе се исплатат заедно со петтиот пакет. Ова стана историско, мајтап работа цело време во собрание, со месеци чекаш и ништо, некако се помирив дека нема да ги исплатат.
Update: По 20 дена, не добив никаков одговор по пратениот mail до Влада. Во медиуми никој не не спомнува нас со прифатените пригивори од минатиот пакет. Моја претпоставка е дека нема да не исплатат. Нивна срамота!