Домашна платежна картичка „Купувам домашно“

Дискусија во 'Коронавирус' започната од soffce, 10 јуни 2020.

  1. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Мене да, на НЛБ сум. Ама пишува во најкус можен рок да ги внесам моите податоци на сајтот, а уште вчера го направив тоа и ми стигна потврден мејл.
    Не знам дали каснат со поракава или нешто
     
    На Bojana890 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Министерката беше во само вистина и кажа дека картичките се изработуваат, а од утре ќе им бидат исплатени парите на банките. Изгледа нема да добијаме никаков одговор.
     
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    За Халк банка знаете нешто како ќе биде подигањето на картичките?
     
  4. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Другар е во Халк распределен, спомна дека му стигнала порака на мобилен дека ќе биде известен кога ќе биде готова картичката и каде да ја подигне. Не спомна ништо за пополнување на апликација (како што е за НЛБ, на пример), ама прочитај за сигурно на нивната официјална страна.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Стопанска уште абер немаат.. Како за стипендиите така и за ова ќе бидат последни
     
  6. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Стопанска сабајле имаа опција да провериш преку матичен број, јас проверив и ми пишуваше во која филијала, на кој датум и во колку часот. Ама од попладнево линкот не е во функција. Не ми е јасно што е работава...
     

    Прикачени фајлови:

  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Зошто мене ми нема стигнато порака, а ме има на список, проверив. Само што градот ми е згрешен. Се надевам дека би ми ја пратиле тука во Скопје. Немам намера во друг град да одам.
     
  8. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Да не пишев овде немаше ни да дознаам... Не праќаат ни известување ни ништо.
     
  9. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Да, и мене не ми стигна никако известување. Може ќе пуштат деновиве, или ќе ја активираат пак опцијата да си провериш.
    www.stb.com.mk/DPK беше линкот кога отворив сабајле, ќе видиме дали пак ќе биде активен.
     
  10. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас се плашам дека од мојот факултет згрешиле и не пратиле информации. Буквално сите што ги прашав и што ги познавам од факултет и на кои им се отворила страната за да проверат, пишува дека не им следува.
     
    На Принцезичка1 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    9.836
    Пол:
    Женски
    Цреша, појди најубо до централата и прашај ги зошто да одиш во друг град, дали можат да ти средат. Ова се разбира, ако не се поправат сами наскоро.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    3.869
    На страната на факултетот сега напишале дека деканатот реагирал и се надеваат дека проблемот ќе биде решен што поскоро. Баш ме интересира дали ќе се среди и ќе добиеме сите картички како што си беше кажано или ќе се заташка за неколку дена како и секоја работа кај нас.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mother_nature

    mother_nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Од нлб потполнувам податоци и нема на крај опција за да се испратат податоците. Има некоја друга опција што не ја гледам?
     
  14. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае освен на храна на што друго може да се искористи картичката за невработени од 9000 денари? Дали може во дуки дасо или sara fashion дека нели и тие се македонски брендови?
     
  15. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    5.389
    Пол:
    Женски
    Преку УЈП.
     
  16. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Има и едно квадратче што треба да го штиклираш, за согласност. Го виде ли тоа?
     
    На mother_nature му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.149
    Допаѓања:
    40.513
    Пол:
    Женски
    Луѓе некој понапред ја имаше постирано уредбата ама еве ви ја повторно. Тука ги има сите детали, на кого му следи и за што ќе може да се користат средствата.

    http://www.slvesnik.com.mk/Issues/9f80e42f7ba941e69fc6593116e26eb8.pdf

    За жал оние кои биле пријавени со поголема нето плата иако истата работодавачот не ја исплатил (доцни со исплати), во евиденцијата на УЈП се во евиденција на поголеми приходи и не се вклучени во мерката.

    Инаку во однос на податоците. Мислам податоците од институциите се застарени и има многу грешки.
    Банките прават напори за да се ажурираат податоците соодветно. За оние кои имаат сметка во одредена банка, сигурна сум дека банките ќе направат соодветна распределба за подигање која ќе ви одговара и на вас по податоците од нивните бази, а не по податоците добиени од владата. За оние кои немаат сметки, пожелно ќе биде навремено да доставите точни податоци на начин на кој банката ќе советува со цел ваша заштита. Сите банки имаат обврска за целиот процес да известуваат на нивните веб страни. Следете и биете трпеливи. Дополнително секоја од банките има кол центар кој ќе одговори на вашите дилеми. Не трчајте во банка да го загрозувате вашето и здравјето на другите. Тоа ќе го направите посекако кога ќе мора да ја подигнете картичката и да потпишете соодветна документација. Во меѓувреме користете ги алтернативните канали на комуникација. Точно е дека банките започнаа процес на подготовки за да бидете сите навремено опслужени. Рокот за користење на средствата и онака не започнува од утре, туку ако не се лажам го поместија од 18.07 и парите нема да ви бидат достапни пред тој датум

    Во меѓувреме сите кои ви следи, а не сте на листите поднесете си приговори. Ако законски ви следи никој не може да ви го ускрати правото зошто некоја институција нема ажурни податоци.
     
    На Dust, cresa-jagoda и gjoker4e им се допаѓа ова.
  18. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    1.734
    Јас сум распределена во Комерцијална банка и ништо ми нема стигнато, некој друг да е на Комерцијална?
    А вака имам сметка во Уни банка не знам зошто ме распределиле во Комерцијална?
     
  19. Sexychica

    Sexychica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    77
    Да, и во Германија и Данска се чека вака по 3 недели.. луѓето на марс отидоа, она за меилови ми објаснува..
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.153
    :o
    Кога тоа?!


    Туку, треба да му следува на некој кој е официјално невработен (но не е пријавен како невработен) и заработува со месечен договор како практикант многу помалце од 15.000 месечно?