Нема врска каде имаш сметка, владата има склучено договори со банките и рандом распоредиле граѓани. Инаку почекај, банките се уште работат на податоците, поготово затоа што немаш сметка во таа банка, треба да ти ја сработат специјално за оваа намена.
Најдоцна до четврток 11. 6. Банката на интернет страницата: www.stb.com.mk/DPK ќе го објави сервисот преку кој лицата што се распоредени за издавање на домашна картичка преку Стопанска банка ќе можат да проверат (со својот ЕМБГ) на кој датум, во која филијала и во кој термин картичката ќе биде достапна за преземање. За оваа цел, на клиентите што имаат пријавено мобилен телефон во Банката, ќе им биде испратен и СМС со терминот и со филијалата за подигнување на картичката. Клиентите кои немаат интернет пристап, терминот и филијалата определени за подигнување на нивната картичка ќе можат да ги проверат во 24/7 контакт центарот на (02)3100109, почнувајќи од 11. 6. (четврток). Информација за сите што прашуваат за Стопанска банка
Еве каде ќе може да се искористи картичката. @Lollipop_123 @The Saturdays мислам дека нема да може да се користи таму, тие се македонски брендови, но производите не им се произведени во Македонија.
Картичките како што знам важат за маркети и тоа знаете за мк производи , за во аптеки, ресторани и нарачки до дома, салони за разубавување,а за облека не знам баш и не верувам...
Еве ги известувањата од банките кои што се вклучени во овој проект. Ќе објавуваат и дополнителни информации во наредниот период, проверувајте си. • НЛБ Банка • Стопанска Банка • Комерцијална Банка • Халк Банка • Шпаркасе Банка • Охридска Банка • УНИ Банк • Централна Коперативна Банка • Силк Роуд Банка
После квадратчето имаше копче за испраќање на податоците. Пробај од друг пребарувач, телефон. Контактирај ги на info@nlb.mk, враќаат на мејловите.
Ако некој стиснал 'Се откажувам од средствата' да пише дали откако ќе стиснеш се имаш откажано или откако ќе стиснеш на тоа има и второ прашање 'Дали сте сигурни' па 'ок' на пример. Оваа опција ми е исто како 'не сакавме да ви ги дадеме парите ама моравме'. И уште едно прашање имам. Која партија ги дава овие пари дека велите заради изборите? И не пишувајте секој ден по еден мејл, така 100 души ќе направат 200 мејла и ќе се одложат одговорите. Само смирено. На крај ќе добие секој кој го следува.
Види дали се ти е точно пополнето. Кај лична карта бројот треба да ти е на латиница, може тоа да е проблемот.
Од тутунска банка ќе ги носат на домашна адреса,дали мора лично на тебе да ти ја дадат ако на пример не си дома или слично?