И кај маж исто, а остана без работа во март. Он и со волку е среќен. Ништо не ви чини значи. И 3000 ден и 9000 значат во ова криза. Малку се, да, ама не мора по се да плукате. Една работа не ја поздравивте. Една.
Облека спаѓа под трговија на мало, така што ако е македонско производство, нема причина да не може. Треба да им се назначени работите, купувам домашно, со цел ние да знаеме што може/не може. https://domasiedoma.gov.mk/#who
Не е работата во тоа што го кажуваш. Секако дека менува дали земаш 3000 или 9000. Плус ако се пријавувам јас како невработена зошто да сум во категорија на лица вработени со ниски примања? Ако веќе носат уредба и јасно ги имаат одредено категориите нека го направат точно списокот. Ни тие 9000 нема да ми сменат многу во животот, ама еднаш барем да направеја онака како што е пропишано.
Секаде се прават грешки и се попрваат. Ти никогаш немаш направено грешка? Затоа и има оставено мејл да се пише.
Ако не дадеа воопшто ќе скокневме дека не дадоа, се нешто не ни одговара искрено. Ако ги поправат грешките ќе биде супер, а не верувам да не ги поправат со оглед на тоа што доаѓаат избори.
Јас не реков дека не се прават грешки,посебно кога се брза, само бев искритикувана зошто сум приговарала . Министерката кажа вчера дека картичките веќе се изработуваат. Можат да поднесат приговор оние кои не се на список, а никаде не е спомнато дека може да приговара некој што е во погрешна категорија. Јас се надевам дека грешките ќе бидат поправени. Инаку уредбата е добра, можеби тие 9000 или 3000 нема многу да ни го сменат животот, ама барем малку ќе помогнат.
За облека од домашни производители нели може да се користи? Пример во Стружанка да се зеде облека од наши производители?
Германија и Данска какви системи имаат, ти можеш само да претпоставиш. И да и таму се чека, немој да мислиш дека мед и млеко тече и таму. За одговор по мејл во Германија може да чекаш 24 часа ама и 96 .. и никому ништо. Кога ќе дојдеш на ред, ќе добиеш одговор. Ама тие таму не се бунат, затоа и не знаеш дека чекаат. Светлосни години се со културата на повисоко ниво од нас. На нас се нешто ни се брза..
Не ми бара никаков податок за бр на лична карта, никаков податок не бара за тој број.. Име, презиме, тел број, меил, град и матичниот. И се точно потполнувам што се бара и нема опција испрати.
И од телефонот и од лаптоп истото ми дава, ако можеш пратими линкче од страната да видам така како ќе ми покажува
Некој што е на стопанска да пише? Што се случи со страната,имаше линк каде да провериме за филијалите и сега го нема,преправаат ли нешто ?
Тебе те цитирав оти и кај маж е ист случајот. Ова е пропуст. И пишав приговор јас. Другиот дел од коментарот е генерален. Не беше за тебе.