мене ми одобриле средства и пишале во комерцијална банка, е сега јас немам таму сметка, дали тоа има врска? како да знам дека картичката ми е готова па да отидам да ја земам да не одам два пати, пишува дека ќе ме контактираат но немаат број од мене, или би земале број од агенцијата за вработување..... друго сакам да прашам длаи знаете дали може да се искорити овој ваучер во салон за мебел? бидејќи пишува фризерници па помислив....
Ми дојде порака на телефон од банка да одам денес да ја подигнам. Нема ништо посебно ти даваат да потпишеш изјава дека земаш картичка ти ставаат пин и толку, ни 5 минути затоа што се е отворено и трансакциона и картичка има само потишуваш дека ја земаш ти даваат пин и тоа е, за Стопанска зборам. Разбрав дека министерката рекла овие денови пари ќе се пуштеле до банките па веројатно тие ќе ги распределат само не знам кога. Знам дека се во голема гужва и го зголемиле работното време Стопанска од 14:30-19:00 *Ако сте во Стопанска после 14:30 идете пред тоа не примаат клиенти за купувам домашно картички туку други потреби
Ти благодарам многу. И јас сум ставена на Стопанска, а и онака од поодамна таму имам сметка. Ќе биде и тоа. Со здравје да си ги користиш.
Само да ви споделам едно инфо ...другарка зема плата 15.000 и проверува со матичен ја нема а порака и стога дека картичка ќе биде изработена на нејзино име и онака на шала провериле за сопругот и замислете него го следува она за млади лица (а дечкото 35год има ) Сума сумарум кому иде ќе добие Со здравје да си трошите
Не оди без да добиеш порака многу луѓе не пуштија во банката и проверуваа телефони дали имаат порака добиено за денес
На тв одеше прилог дека има многу утки: https://sitel.com.mk/reakcii-ucheni...ezhni-kartici-za-kupuvanje-domashni-proizvodi
и пак џабе.... додека да ги проверат сите маилови, додека не внесат во системот, додека ги изработат картичките ке дојде август и ке имаме или 1 ден за трошење или пак ич и ке речат ние важно направивме нешто....
Не дека ми дошло до овие 3000 ама веќе кога ни следува зошто да ни е одземено правото на нив... Не сум ни ја многу надежна дека ќе средат ама реално сеа пред избори мислам дека се ќе напраат за појше луѓе да ги симпатизираат, па можно е да средат едино ради тоа... Не дека ќе ги гласам ама мислам дека таа им е стратегијата. Ќе видиме баш...
Ако може нркој да ми каже како да пуштам емаил за документација,ми излегува само да напишам наслов не можам да внесам лични податоци?
А мислиш ли дека вреди ако како доказ за ова се испрати извод од банка, дека лицето за тие месеци нема прилив од+ 60 000 ден?
Ме интересира дали добил порака некој од нлб дека му е изработена картичката? Супер,Баш ме интересира како изгледа и дали е бесконтактна? и дали средставата веќе се легнати на сметката и можиш да ги користиш да купуваш македонски производи?
Пошо салон за мебел и фризерница е исто. Ок. Картичката е за помош на домашните фирми, не за да купиш тросед од италијанско производство.
аахаха, а кој ти кажа од италијанско производсто дека ќе биде? не си слушнала дека и македонски фирми произведуваат мебел?