Ако ви е некаква утеха, Антикорупциска поради поплаките на повеќето кои ги исполнуваат условите, а не ги добиле платежните картици, ќе проверува дали е ова системска или некаква друга грешка во прашање. Наводно, требало да има јавно објавена листа на веб страната на сите тие кои ја добиле.
100% на врата пишуваше за купувам домашно од 14:30-19:00. Кога ја прашав вработената шалтерот до кога работи ми рече до 14:00, после тоа само со картичкиве работат
Се сомневам зошто уредбата за жал како што е напишана не ги опфаќа тие кои се вработени и пријавени на поголем износ без разлика што работодавачите доцнат, иако имаа начин и тоа да го проверат ако сакаа . А тоа што дозволуваат толкаво доцнење е друга приказна. Еден период бар за тоа фатија некаков ред, ама од коронава се отиде во бетрага.
И јас сум на Стопанска, ама се уште немам добиено СМС од банката. Вчера околу пладне, на нивната веб страна имаше линк на кој со внесување матичен број можеше да се провери кога и каде да се подигне картичката. е сега не знам дали да одам утре од сабајле, иако немам добиено СМС. Не знам дали ова што го објавија вчера важи? Има некој проверено на тој линк?
За џабе ќе одиш и ќе чекаш. Барем тука кај мене бараа пораката да ја видат за да ти дадат бројче бидејќи многу пред мене влегле иако не добиле порака. Чекај си смс ако сакаш лп ќе ти пуштам скрин од пораката и пораките ги праќаат сабајле
https://www.facebook.com/385588434812408/posts/2981485941889298/ еве мора смс да стигне Не знам зошто никаде не пишува дека после 14:30 ги издаваат (има на скринот погоре на членката) а нема официјално освен на врата на банката Еве @katalina
И мене ме интересира нешто за мебел Да не знаеш дали Мебел-Ви ќе работи со картичките или пак некој друг домашен салон?
И мене не ми е јасно, ако работат со картички после 14,30, тогаш зошто ми закажале во 8,40? Јас не сум од ск, во мојот град има само една филијала на Стопанска, па можеби затоа имаат и др.режим на работа. Ќе одам за секој случај, како доказ ќе го покажам скриншот, се надевам дека нема да ме вратат.
Ти го ставиле тој термин затоа што утре е сабота а утре ќе работат само за картичките пишува на твојот скрин Од 14:30-17:00 и сабота од 08:30-14:00
Го нема повеќе, го тргнале не знам кога.Вчера околу пладне беше активен, вечерта си реков чекај да проверам уште еднаш, ама го немаше