Кои се брендови македонски имаме за гардероба и обувки? Некој спомна sara fashion, duki daso, biana shoes, други?
Дали ако си вонреден студент(притоа невработен) ти следува картчка?Или ова важи само за редовните студенти?
Не. • Вработени лица со нето плата до 15.000 ден месечно • Лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП
Снаа ми е вонреден студент, работеше до март, и има над 29 год и има картичка. Врска немаат критериумите.
Има луѓе кој што ги следува а ги нема на листа. Има луѓе кој што не ги следува а ги има на листа. Овие вторите ќе земат на сметка на првите и нема да се побунат. Им е гајле.
Дали некој ќе добие картичка од НЛБ банка,и дали сте го пополниле ова за податоци за достава,дали на некој вака му излегува?
Да, мене вака ми се појавуваше кога се обидував од телефон. Со компјутер нема проблем (малце споро отвара). Одма ќе ти пратат меил и смс.
Направен е пропуст. Немаат тие што трба да имаат, а имаат тие што не треба да имаат, катастрофа им е направено ова.
Ај да прашам....Знам дека треба лично јас да појдам со ваучерот. Дали можам некој друг да земам со мене? На пример...маж ми?
Веројатно да, ако си плати. На ваучерот е напоменато дека мора лично да се користи, но фала богу дека никој нема сам да оди, па другите ако си платат зошто да не. А и општо земено, ако сакаш повеќе дена да седиш негде ќе треба и ти да доплатиш, така што исто е.
https://www.radiomof.mk/i-studentit...domashna-platezhna-kartichka-odluchi-vladata/ И оние кои се на постдипломски ќе добијат картичка.
Факт е дека сето ова се дава во форма на поткуп пред избори. Проблем е што тоа се пари на сите нас а скапаната влада ги дели на кој сака. Лично познавам легачи што од мрза не работат а исполнуваат услови и ќе земат. Или пак ваучерите за одмор, од кога испадна дека мора секој на одмор да оди? Одморот е луксуз. Некој шупак што несака да работи испаѓа дека ќе оди на одмор на наша сметка. Мизерии без план! Кога даваат барем да уклучат мозок и да дадат исклучиво на тие што им е потребно.