Епа тоа е проблемот,што најверојатно неможе да го делиме,него само оној кој го добил може да го искористи.Веројатно со моето име и презиме,само јас можам за себе да го користам.
На сајтот кај што проверуваш за ваучерот. Може да го искористи само лицето што го добило. Значи, не може да се даде на друг. Тоа ок. Ама зошто да не можам да земам некој со мене? И само на едно место можеш да отидеш. И ваучерот е за еднократна употреба.
Па да и мене ми е тоа,пример ете јас сум го добил ваучерот,ама 3000 ден да си палтам за мене,и 3000 за партнерката,и така ке го искористам целосно.
Еве извадок од уредбата: (3) Ваучерот за туризам се користи за еднократен престој кај давател на туристички и угостителски услуги, без можност за прекинување и делење на престојот и користење на повеќе услуги со различна цена. (4) Ваучерот за туризам може да се искористи само од лицето корисник на ваучер за туризам на чие име и презиме гласи издадениот ваучер
Па нели може целиот трошок да се рачуна на тој со ваучерот, како да части? Исто и за во ресторан на пример
Значи јас овие 100 евра,ке ги дадам за еден ден?Еднократен престој е тоа,колку што разбрав. Ако е вака не гледам зошто некој би го искористил искрено ваучеров.
Не мораш за еден ден. Можеш и повеќе денови, ама само додека си во хотелот. Не можеш на повеќе места со тој ваучер.