Еднодневен прочитав хахахах,грешка.Да де јасно дека неможеш на повеќе места,така ке биде ептен каша попара.Ајде ке оставам да видиме,дали ке ги дадат,и кога,и кај кого ке можеме да идеме во Хотел хахах.
Јас мислам дека народов ќе се откажува од ваучерите. Кој би отишол сам? Немаат сите пари за да доплаќаат.
Одете сами. За инает немој да не го искористувате. Јас би го искористила обавезно. Некој ако има солидно дома храна и облека на пример може да купи со ваучерот и да донира на семејство кое што има потреба од тоа. Не мора никој да знае.
‚^Eте на пример двајца од кои едниот има ваучер. направиле трошок во хотелот од 4000 заедно, и овој со ваучерот го плаќа цел трошок. Што има везе дали еден или двајца биле? Долгот е тој. Или со другар јадеш пиеш во ресторан, сметката е 1000 и овој со каричката плаќа, што има везе дали двајца изеле две порции ќебапи или еден? Трошокот е тој и си го плаќаш. Нели може така?
И дали видовте дека рокот за приговори е до 15ти јуни понеделник 12 часот. Ја немам прочитано цела тема ама може ќе види некој ако не прочитал. После тој рок пишува нема да се земаат во предвид приговорите.
Најверојатно тоа од уредбата што го ставив се однесуваше на тоа дека лично ти мора да го искористиш, а не да го подариш на некој. Според мене, не би требало да има проблеми ако одите во ресторанот и целиот трошок се плати со картичката. А за хотел - треба да се распрашате за 100%, ама сигурно не помислиле дека сите сами ќе си отидат на одмор. Иначе, да го ставам и ова тука: (5) Доколку вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е помала од 6.000 денари ќе се смета дека ваучерот е целосно искористен. Ако вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е поголема од 6.000 денари, разликата над овој износ ја доплатува корисникот на ваучерот за туризам.
Не треба ништо да пополнуваш. Ќе те известат преку СМС. И само во одредени филијали можеш да ја подигнеш картичката.
Мора да стигне порака за да одиме да ја подигнеме? Дека знам некој така пиша. Мене ми нема стигнато порака а имам утре термин.
Како што прочитав уназад, без порака не те примаат. Најубаво прашај во Контакт центарот. @GirlRose не се плаќа ништо за електронско банкарство.
Ќе се доделуваат до 18ти Јули, а парите може да се искористат до 15ти Август. Први ќе ги добијат картичките оние што веќе имаат сметка во банката, а после тоа оние на кои треба да им се изработи трансакциска сметка.