И јас неможам да проверам падната е мрежата но и јас мислам дека не сум пошто несум активна. Мислам дека ке беше фер и спрема тие што се пријавуваат и на 6 мес. Не требаше да бидеме изоставене еве неможеме да земеме.Треба владава да го поправи ова.
finansiskimerki@gs.gov.mk На овој меил треба да пишеш име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, општина и телефонски број. Можеш да додадеш и кратко објаснување зошто сметаш дека треба да добиеш надоместок и да побараш објаснување зошто не си на списокот.
До 15.08.2020 ако памтам убаво. Инаку најкасно до 18.07.2020 треба да бидат изготвени и поделени картичките.
Јас колку што знам досега само за НЛБ треба да пополниш апликација која ќе ја најдеш на официјалната страна на НЛБ. Комерцијална банка праќаат порака на мобилен или преку мБанка известување дека ќе ти ја изработат и потоа каде ќе треба да си ја подигнеш и кога. За други банки не знам. Би требало сите банки да објават на нивните официјални страни на интернет некако известување, знам дека Комерцијална и НЛБ сигурно имаат објавено затоа што ги прочитав известувањата.
Им следува на млади лица од 16-29години активни учесници во државното средно и високо образование. Не следува за сите млади. Побарај информации на страната на банката на која што ти има наведено дека ќе ги имаш средствата. Претежно сите банки имаа изјавено дека ќе ги контактираат граѓаните кога ќе бидат готови картичките. Искрено, одлична мерка. Парите ќе се свртат во стопанството, и народот ќе има нешто плус, и фирмите ќе остварат нешто плус.
Јас на друго место прочитав дека до 03.07 треба да бидат доделени картичките, а до 31.07 да се искористат парите.
Каде гледате дали ве има или не? Јас ја отварам страната, внесувам матичен број и страната не раб пишува
Многу ме интересира зошто волку време се изработуваше ваква проста страна, кузнае и колку пари добиле овие за страна што е и едвај фунционална иработена само со html i css
https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2490&lang=1&uc=1 Најдоцна до 18.07.2020 година, Банката ќе ги изработи и дистрибуира картичките во соодветната експозитура или филијала, со цел истите да може да се подигнат од страна на корисниците. Финансиската помош со домашната платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ ќе може да се користи согласно Уредбата со законска сила од денот на приемот на картичката до 15.08.2020 година. По истекот на овој рок, престанува можноста за користење на финансиската поддршка согласно Уредбата со законска сила.
Брат ми не е ниту средношколец, ниту студент и има 28 години па денес му стигна порака од Комерцијална дека му ја изработуваат картичката. Кога проверив на страната го пишуваше под категорија млади лица. И јас мислев дека тоа млади лица се однесува само на средношколци и студенти и немаше ни да провериме за него доколку не му стигнеше порака, ама ете, се случи.
На таа страница со внесување матичен број, само треба да почекаш (споро ја вчитува страницата) или да се обидеш неколкупати.