На мајка ми и пишува да си го провери емејлот за ваучерот но таму нема ништо стигнато. Несфаќам дали треба да чека до утре или да се јавиме во ујп?
Дали провери само во inbox? Понекогаш вакви (непознати) мејлови стигнуваат во junk mails. Провери таму, мене така од НЛБ банка ми беше стигнато
@kolovoz утре е краен рок за праќање меилови до добитниците на ваучер. Имаат линк на нивниот сајт. Не е во функција моментално. Ама треба да ти стигне порака.
Дали ако некој има ваучер за туризам треба да прати некаков си меил за да го прими ваучерот или што? Ве молам одговорете
Не. Моја блиска пријателка им прати маил со податоци бидејќи не беше пријавена во УЈП со маил. Вас што ви го имаат маилот нема потреба.
Ваучерот треба да го испринташ. Пред малку прочитав на сајтот на Стопанска банка. Пораки ќе праќаат само на оние кои имаат оставено број во банката. Односно, на оние кои имаат сметка таму.
Видов јас, ама на темата цело време се пишува за некакви мејлови, податоци.... без да се потенцира за кои банки и шашма ми се стори од прочитаното. Реков да си прашам за секој случај, да се уверам, да не има нешто шо не знам а треба да го знам.
Врати се назад во темава, на страна 5. Еден пост од една членка. Банките ќе праќаат СМС на оние кои имаат сметка во банката, а оние другите ќе бидат контактирани на друг начин. Најверојатно ќе треба да се проверува на страните на банките. Не знам дали ќе се јавуваат по телефон. А податоци треба да имаат од УЈП.
Јасно ми е мене. Сега додале Стопанска дека само на нивните клиенти ( кои имаат сметка во банката ) ќе им праќаат пораки. Баш за то прашував на темата пред некој ден од каде им број ако немаш сметка таму, после сфатив дека броевите им биле доставени заедно со останатите податоци нели, и една членка така ми одговори. Но не е важно тоа дали преку порака или ќе објават на сајтот. Мене ми беше да не треба да се напрај нешто, наместо да се чека. Ако е за чекање лесна работа.
И да се јавиш во Банката ќе ти речат Проверувај на сајтот. @Sexychica ако си земала плата во Јануари, спаѓаш во категорија со ниски примања. За да те сметаат за невработена, годинава не треба да имаш приходи.