Зар може пари да бидат вишок? Јас колку и да земам, секогаш викам дека повеќе би било уште подобро. Исто и овие пари, кога можат големите да крадат милиони, зашо ја да се откажам? Секогаш има опција да ги земеш па да ги донираш ти лично. Сакаш дади ги кеш, сакаш купи нешто и однеси да израдуваш некого, сееедно е. Тоа откажување ми е ноу ноу, од причина што не и верувам на власта. Исто ко ова за повратот на ддв. И ние трошиме многу, ама многу фискални имам земено и онака. Јас, мајка ми, татко ми, брат ми, маж ми, сите по 30 евра зедовме.
Луѓе ве молам со муабетите за донирање смешни се земете ги парите и донирајте ги лично, не ги донирајте на државата не правете се херои со 1800 ден. ддв и 3000 ден. картичка додека они се турија од крадење
И јас не и' верувам на власта. Ама не ми дава совеста да земам пари кои може некому се далеку попотребни, отколку мене
Ја ке ти кажам - ке си ги земат у нивниот џеб. Не биди наивна Вајлд, нема да го опраиш светот ако не си ги земеш 150те евра што ти следуваат. А нели кажаа дека има за сите?
Не ме интересира дали ќе ги пикне некој в џеб. Тоа е на нивна совест. Битно ми е, мене да ми е чиста совеста. Да, наивна сум. И не сакам да сум поинаква од ова. Напротив, сакам повеќето да се како мене. Тоа би било човечно.
Земи ги и донирај ги на некого шо стварно му треба. Сите познаваме некој таков. Ако е конкретно картичка изнакупи произоди и донирај ги некаде. Немој да придонесиш да си ги пикнат лоповите в џеб пак, не се донаситија никако.
Како ќе знам кој/како ќе ги употреби производите? И да ги донирам, може тој на кого ќе ги донирам, ќе ги продаде. Секогаш постои шанса некој да злопуотреби нешто.
Па донирај производи на организации што буквално хранат семејства за да преживеат од ден во ден. Не биди бот, ебаго...
Знам организации кои проневеруваат пари од донации. Како ќе знам дека нема и моите да ги проневерат? Како што реков: Секогаш има можност, некој да злоупотреби нешто. Ако дознаам, пријавувам.
Подобро обичен човек да злоупотреби, шо чисто сумњам дека кој и да е ќе го направи тоа, никој не би одбил помош на вакво тешко време. Ама да знам дека власта ќе си го дели колачот од наивните луѓе шо мислат дека парите ќе се пренасочат на вистинско место, ќе ми биди ептен криво. Исто прават како со парите од ддвто, играат на карта на солидарност, идиоти.
Имаш организации што не примаат пари и даваат се на отчет. Колку знам св. Спас е така. А од друга страна, ми личи како да не ти се замара. Послено е да се откажеш, нели.
Ги добив на еден од броевите, рече доволно е што сме испратиле маил со лични податоци, тие понатака ќе проследат до ујп. Не е потребна дополнителна регистрација електонски во ујп. Сите што добија ваучери кај што беше се во ред треба да им стигнат денес, за останатите што немаа маил адреса ќе каснат.
Имам 17 години, и ме следува 3000 денари...На некои врснички им стигнало порака дека добиле, а само на мене не, дали да почекам или да се обратам некаде?