Следи ги известувањата на таа банка во која што си распределена за начинот на подигање. Те има на списокот на страницата, така? Ако те има, нема потреба да се обратиш некаде, до 18ти јули ќе се издаваат картичките.
Пеперутче, проверувај и понатаму редовно на сајтот, досега неколку детали променија во известувањето.... засега чекаме да го објават формуларот каде ќе внесеме барани податоци и ќе го провериме терминот и филијалата т.е. кога и каде треба да се отиде по картичката. Еднаш на 11 јуни објавиле но го тргнале за брзо поради грешки.... банките имаат рок до 18-ти јули да ја завршат работата, а картичките можат да се искористат до 15 август, така да има време.
И јас имам сметка на m banking но, сумата е 0. Дали и кај тебе стои така? Не сакајќи притиснав дека се откажувам од средствата ама не видов што се случи понатаму, дали имаше нешто да се потврди тоа туку веднаш исклучив. Да не ми стои поради тоа 0?
Ако има некој од вас што е распределен во ХАЛКБАНК прочитајте го ова: 1. Корисници на финансиска поддршка кои се постоечки клиенти на Халкбанк АД Скопје и имаат веќе матична филијала ќе им биде отворена посебна трансакциска сметка за намените од уредбата со законска сила. За навремено информирање за начинот на подигнување на Домашната платежна картичка ПОТРЕБНО Е КОРИСНИЦИТЕ: Доколку ги немаат ажурирано податоците да ја контактираат банката преку Контакт центарот на Халкбанк А.Д Скопје 24/7 на телефонскиот број 02/3296-330 за да ги ажурираат податоците за телефонски број или да ја посетат најблиската филијала за да го извршат ажурирањето. Халкбанк АД Скопје кога ќе ја изработи домашната платежна картичка ќе им достави СМС порака со информација каде можат да си ја подигнат домашната платежна картичка од филијалата во која ќе им биде доставена. 2. За сите корисници на финансиска поддршка кои се распределени за издавање на домашна платежна картичка ќе им биде отворена посебна трансакциска сметка за намените од уредбата со законска сила. За навремено информирање за начинот на подигнување на домашната платежна картичка ПОТРЕБНО Е: Да дојде во најблиската Филијала на Банката каде ќе пополни и потпише апликација за идентификација на клиент или истата да ја донесе пополнета* * Апликацијата за идентификација на клиент може да се преземе од следниот линк. Халкбанк АД Скопје кога ќе ја изработи домашната платежна картичка ќе им достави СМС порака со информација каде можат да си ја подигнат домашната платежна картичка од филијалата во која ќе им биде доставена.
Лицата кои се опфатени со уредбата, а кои поради техничка грешка ги нема на листата, ќе можат да поднесат приговор до утре. –За време на викендот е одговорено на над 1.000 граѓани кои поднеле приговори. Се работи за дистрибуирани мејлови до соодветните институции, дали е тоа Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика... со цел да се проверат по матичен број, да се увиди дали се работи за техничка грешка и испуштање или за поднесен приговор, а лицето можеби не ги исполнува условите согласно уредбата. Сите кои треба да добијат, а поднеле приговор, ќе добијат платежна картичка, додека на останатите ќе им биде одговорено. Но, да имаме предвид дека процесот ќе потрае со оглед на големиот број мејлови, рече Ангеловска. Извор: skopjeinfo.mk
Проверив. Треба да одам во Ѓорче, а дополнително ќе ме известат за терминот. Уште не е готова картичката.
Добро е, тука е, на 5 мин од дома, не мора негде џенем да се оди само за датум и термин пишува дополнително да се провери, уште била во изработка. @Peperutce1115, ете, види си на линкот
Ај ке ве молам тие што имаат што да напишат за платежниве картички нека пишат, не објаснувајте се власта, ни требаат, не ни требаат, си има други теми за тоа, сеа безвезе ке читам пораки, ги има преку 100 кога успеавте за 2 два саати? ке ве молам
Ја ставив одма пошто ќе им текне па да си ја повлечат побргу страната. Инаку и кај мене истото го пишува.
Може според адреса ме ставиле во Ѓорче. Ако ме ставеа во друг град, ќе се сликав. Останува да чекам СМС и да објават кај може да се пазарува. Пишува дека картичката е лично за сопственикот. Мора јас лично да пазарам?
Нормални дискусии си правиме, ако ти е многу за читање оди во банката кај што си имаш трансакциска и прашај си ќе ти објаснат, не чекај на фемина, ние да не зборуваме пошо тебе ти било многу за читање, нема проблем
Па кој ќе гледа дали ние ја користиме? Во маркет лична карта ќе бараат? Не верувам. А плус има и што се малолетни.
Na tatko mi,mu stignala poraka za platezna karticka od banka vo koja nema ni transakciska smetka i pisuva za da se vnesat podatoci odam da vnesam podatoci pisuva deka so toj maticen broj nema zavereno lice za karticka.Dali nekoj mu ima stignato takva poraka ?