@WildMk Сигурно ќе слушнеш за некое лице кое е невработено, но не се пријавувало во заводи затоа не го следува па можеш да ги пренасочиш. Ама да ги оставиш? Немој, доволно имаат? Народот треба да е за народот.
Јас на 11 јуни поднесов приговор и сеуште чекам дали ке ми дадат картичка или не? Не вработена сум и немам оствраено приходи колку што имаше наведено за 2019 и 2020.Се надевам ке ми одобрат...
За ваучерот за туризам не може на пример да одиш со некој и на твое име да биде сместувањето, ти да платиш со ваучерот? Нема логика да не може, зарем ќе проверуваат кој сè бил сместен? Ако е така, нема логика, никој не оди сам, другиот ќе мора да доплаќа...
Сите кои треба да добијат, а поднеле приговор, ќе добијат платежна картичка, додека на останатите ќе им биде одговорено. Но, да имаме предвид дека процесот ќе потрае со оглед на големиот број мејлови, рече Ангеловска.
1.Дали треба да чекам порака од банката или можам да си отидам директ да си ја земам картичката? 2.И дали може во Охрид да ја земам? (Глупо е прашањево ама дали даваат)
Каков народ сме бе еј. Само да се плукало. Милион луѓе објавија стори со сликата која била од езеро од Германија а и истите тие ќе си ги земат паричките и ќе си ги трошат. Ние сме посебно гаден народ. П.С. Радио Моф објавија интервју со фотографот кој е автор на сликата и тој е позитивно изненаден и му е мило. Рекол дека Македонија ќе му биде следна дестинација.
Овие од Стопанска претеруваат. Ме распределиле во филијала која е многу далеку од мојата населба, а во општината каде што живеам имаме Стопанска. За 3000 да се акам со кола и да барам паркинзи. Срамота.
Каква веза има народот со тоа што овие лупнале слика која не е од Македонија? Ти знаеше дека не е од Македонија пред да прочиташ?
1. Ако си клиент на Банката ќе ти стигне порака. Ако не си, ќе проверуваш на сајтот на Банката. 2. Картичката ќе ја подигнеш кај што си распределена. Ако местото е далеку, јави се во контакт центарот да ти ја префрлат кај што сакаш. Не знам дали ќе може така.
Има ли некој што има веќе земено картичка од Стопанска? Кога ја земав саботата ми рекоа денес ќе ги пуштеле средствата а немам како да проверам.
Провери на банкомат. Нема да ти земат провизија. И да се пуштени средствата, од кај ќе знаеме што можеме да купиме? Уште нема обележани артикли по маркетиве.
Бев сега, ми рекоа подобро во Скопје да аплицирам Инаку со лична карта се идело, ти зимаат податоци и после на порака ќе ми стигнело кога ќе е готова да си ја земам. Фала сепак
Нема веза со народот тоа шо тие ставиле таква слика, муабетот ми е тоа што милион луѓе се исмеваат и си тераат фраерлук по социјалните мрежи. Секогаш сме гледале да го понижиме тоа што е наше а да го воздигнеме туѓото. А инаку не знаев од кај е, не ме ни интересираше искрено. Најбитно од се' е што ќе добиеме бар нешто, верувам дека на нас, студентите. посебно ни е важна било каква помош.
Ако познавате некој што му требаат средства, а вие добивате картичка, со вашата картичка испазарете и дајте им. А дека државата ќе ги искористи за нешто паметно ако се откажете, мало морген. Де бе, за 50 евра од државата во време кога е должна да помага треба да се натегаме?
Има само одредени филијали каде што ги даваат картичките. Со цел да не се прави гужва тие филијали ги одредиле само за тоа и не пуштаат за други потреби.