Како и да е, треба да те распределат во близина. На пример....тој што е од Аеродром да го пратат кај Мајка Тереза. Тоа е поблиску отколку во Ѓорче.
Изгледа дека голем број на клиенти ги пратиле во Ѓорче. Тие што ги знам сите се во Ѓорче иако не живеат блиску
Фала ти, видов прееска. Ми пишува дека е во изработка и дополнително ќе објават термин. А првиот пат кога си проверив ми пишуваше термин кој што баш ми одговараше зошто беше попладне, со мало дете сум и мм ќе можеше да ја чува. Се надевам сега нема да ми лупнат некој термин одсабајле додека е он на работа
Си ја подигна денес татко ми, кај мене пишува дека била во изработка, му реков за секој случај ако сака да провери дали му се префрлени средства, не проверил
Денес на страната на Стопанска не беше активен формуларот за да се провери, сега кога видов дека е активен, за датум пишува денешниот во 16:30 да се подигне картичката, а смс не ми стигна. Дали прават проблем ако се оди утре во истиот термин, некој дали бил така?
Мене прво ми кажаа на 25 дека имам термин да ја земам картичката. Сега ми пишува да чекам за термин да ми одредат се уште немале одредено. И они не знаат што прават. Мора од денес за утре да се проверува цело време излеа.
То е само препорачан термин за да не се прават гужви. Сите би требало да го испочитуваме, ама ако од некоја причина не се појавиш на време, никој нема право да ти ја одземи или задржи картичката.
Да ама и препорачан да е како што гледам од денес за денес ставаат да се оди а ете може да не се види на време и не е во ред тоа, баш поради тоа пак повеќе гужви ќе има.
Да, банката треба поблаговремено барем ден однапред да известува, ама ете. Јас мислам кој нема да си го фати терминот, да отиде при крајот од работното време.
Како бе така од денес за денес? Па не ми е до гз банката, па одма да одам. Со мало дете сум, треба да се организирам да ми ја чува некој. Мм се задржува на работа. Глупости.
Мене ми стига порака од Стопанска банка во петокот во 22,00 часот за да одам утредента во 8,40 да си ја подигнам картичката. Одам јас точно во терминот, пред мене 5-6 души чекааа ред, обезбедувањето пушта по еден да влезе. И кога конечно по 40 мин чекање,дојдов на ред, ми велат картичката не ти е готова Тогаш зошто праќаат пораки? Ми велат дојди в понеделник после 14,30. Сите што чекавме, сите имавме добиено СМС и сите не вратија. Денес истата тортура, чекање, гужва бетер од саботата, ама барем не беше залудно. Успеав да ја земам картичката, ама кога ќе пуштат средства на неа, не се знае, така кажаа ид банката. Со лесно на сите патешествијата по банките
Prasuvam za majka mi ,treba da ja zeme kartickata od Komercijalna banka,normalno taa nema ostaveno svoj broj ,socialen slucaj e .Ima li nekoj informacija kako ke bide kaj niv?Vo web stranata na bankata nema nekoja novost...