Кај сопругов наработа пак доаѓаат луѓе и прашуваат дали можат со платежниве дрва да купат, пошо нели домашно
Здраво женски,ги читам споделените искуства,гледам сите се соочуваме со нејаснотии,па решив да го споделам и моето 24 часовно лудило,со надеж дека нешто може да ви помогне Живеам со 2 полнолетни,невработени лица и еден пензионер со минимално примање,а јас сум моментално вработена 6+ месеци на минимална плата.Никогаш до сега не ни следувала никаква финансиска помош,дури и кога сите сме биле невработени.Така мислев ќе биде и овој пат кога вчера случајно проверив за картичката за домашни производи и за ваучерот за туризам.На останатите членови не им следува ништо,но мене ми се одобрени 3000 за домашни производи и 6000 за туризам,како личност со ниски примања!Шок! ~~~ Платежната картичка ми е одобрена во стопанска банка,проверив на е-банкинк,покажува 0 денари,но тоа е зошто картичката сеуште не е подготвена ( ова е страната кај што може да се провери https://www.stb.com.mk/DPK ).Картичката ми се спрема во филијала што е на другата страна на градот,а имам филијала буквално пред зграда.Ѕвонев на филијата во мојата населба,не добив одговор.Се симнав до доле за да ги прашам дали може картичката да се префрли во оваа филијала,само за да дознаам дека затвориле пред 16h,т.е. пред работното време што им е наведено на сите официјални места.Денес се јавив во нивниот контакт центар 24/7 на 02/3100 109,каде што љубезно ми објаснија дека картичката мора да се подигне каде што ви е наведено на страната,поради тоа што тие филијали се наменети баш за распоредување на картичките.Датумот и местото треба да ги проверите на веб страната,а пораката ја праќаат само за потсетување.Ја прашав и за оние ситуации коде што добиле пораки,а кога пристигнале во филијалата,картичката не била изготвена и сл.Ми кажа дека тоа е невозможно... Дополнително ако се испушти терминот на подигање,не е страшно,само ќе треба да чекате на ред дур да бидете услужени. ~~~ Ваучер за туризам ..Oh boy ...Како што кажав,страниве ги проверив на 15.06,а датумот за преговори е најдоцна до тој ден.И како за беља излезе дека немам наведено е-маил адреса,и ако сум регистрирана на https://e-pdd.ujp.gov.mk/ ,e-меилот го немам лично пријавено во УЈП, па не се важи.Започнав упорно да вртам на броевите кои ги имаат наведено за пријава - на 02 309 3534 нема одговор,02 309 3536 е најчесто зафатен,а 02 309 3539 е недостапен број - па немаше одговор.Пратив меил на vaucer@economy.gov.mk и kupon@economy.gov.mk.Денес пак немаше одговор,па решив да пратам порака на ФБ на министерството за финансии,од каде за кратко време добив неточен одговор и ако имам натамошни проблеми да се обратам на министерството за економија.Па пратив меил и таму.Во меѓувреме упорно вртев на броевите кои ги имаат наведено.После повеќе од 100тина вртења,добив одговор.Уште еден шок Повторно љубезно добив одговор дека треба да ги пратам основните податоци на е-маил адресите vaucer@economy.gov.mk или kupon@economy.gov.mk и дека ваучерот ќе ми пристигне во наредните неколку денови.Јупиии !!! Го направив тоа уште еднаш,објаснувајќи ја ситуацијата ( за секој случај нели ). ..И по еден час добив порака во jank mail,како одговор на првиот меил: "На следниот меил: vaucer@economy.gov.mk испратете ги следниве податоци Име и Презиме, адреса, ЕМБГ, телефон. Бараните податоци пратете ги од вашиот меил кој е пријавен во УЈП и по обработката ќе ви биде пратен ваучерот во наредните 15 дена." ...па сега ќе почекам да видам што ќе биде зошто неможам веќе да се замарам, а по меилов ми делува дека прво ќе треба лично да се пријави во УЈП,па да се испрати. Сума сумарум : Картичките од стопанска банка треба да си ги подигнете тогаш и од таму од кај што ви е наведено на страната откако ќе почекаме на ред,и ако ако го испуштите терминот пак ќе чекате на ред и ако ви пратиле порака,а во филијалата не е подготвена картичката,и ако е невозможно,пак ќе си чекате на ред,ама друг ден Ваучерите за туризам - ако имате проблем со е-маилот ,пратете ги личните податоци на наведените адреси за секој случај зошто рокот може е продолжен и идете до УЈП ако можете *нема зијан ваљда. Ваучерот иначе е наменет само за добитникот,значи за ЕДНО ЛИЦЕ,ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА (пошо нели,секад мора да има мучки ) .
Би сакала да ве прашам за тие што немаат трансакциска во комерцијална како ќе бидат известени кога ќе можат да ја подигнат?
Ако евентуално не можам да отидам на терминот, сигурно ќе може друг ден кога ќе ми одговара или? За стопанска прашувам.
Moze li da se proveri preku bankomatot sostojbata na kartickata?Denes ja podignav i ne gi ni prasav dali ima veke vneseno parii na kartickata i ako ne koga ke bidat vneseni. Nekoi veke imaat pari na kartickata.
Mene mi stigna poraka za vo Sabota da otidam no otidov vo Ponedelnik samo prasaa dali mi ima stignato poraka i tolko
На страната видов само за тие што немаат договор дека со ова ќе можат да потпишат, а конкретно за известување не најдов затоа мислев да не има некој ист случај. Ти благодарам во секој случај
Дали знаеш колку коментаров не ти е на место ? Каде ти е културата денес или ја немаш воопшто ? Одвојувам дел од моето време и ја споделувам детално ситуацијата за луѓето да не се малтретираат како мене барајќи одговори.Ако не те засегаат информациите,можеш слободно да ги игнорираш,зошто има на некој што многу му се потребни. ПС: Порасни ! ( да се спуштам на твое ниво да ме разбереш )