Уредбата вели Да не го ставило некое училиште по грешка, ете некои ученици ги нема во системот иако треба да се. Којзнае... законот така вели, превид може е направен, со здравје да си ги користи
Син ми е редовен ученик во формалното средно образование,со полни 16 год,а го нема на списокот. Пратив мејл,ќе почекаме да видиме дали ќе направат корекција.
Не треба да аплицираш, само посети ја страната www.kupuvamdomasno.gov.mk и внеси го матичниот број. Ќе ти покаже дали ти следуваат пари и колку како и од која банка ќе ти биде изработена картичката. Доколку не ти следуваат, а сметаш дека треба, ќе ти пишува на кој меил треба да пишеш меил и да се обратиш. А доколку ти следуваат, ќе ја посетиш официјалната страна на банката од која треба да ти биде изработена картичката и ќе ги следиш инструкциите (тука, по потреба, ќе пополниш апликација)
И јас испратив, ќе се изначекаме изгледа хахаха На страната kupuvamdomasno.gov.mk ќе напишеш ембг и ќе ти покаже. Јас сега едвај проверив, цел ден не ми ја отвараше страната
Проверив,но сеуште немам 16,за скоро ќе наполнам(10 дена).Па затоа сакав да прашам до кога ќе може,до кога е рокот,и нешто слично.
Има време,до 18-ти јули ваљда ќе се оправат. Не ми е јасно зошто се прават вакви пропусти и тоа со младиве лица.Имаат евиденција колку ученици и студенти има во државава.
Тоа е работата, што не можам никако да го сменам пасс на мејлот. Има еден куп прашања на кои не можам да одговорам (на кои мејлови сум праќала пораки, што пишело во сабџект и сл). И сум ставила некој тел број за код што веќе не го користам. Мејлот ми е направен пред 15 години. И до скоро го знаев пасс, иако не го користев. Сега никако да го погодам кој беше. Ќе пробам утре да ѕвонам во УЈП.
Истото го мислам. Гледам на Правен кај мене повеќето немаат добиено, веројатно е некаков пропуст, не знам што да кажам. Ќе почекаме
@happygirl @Dream-Girl Сигурно некој превид од училиштата/факултетите. Не сум сигурна како ги правеле листите, ама ете погоре членка пишуваше дека добила иако е на постдипломски, а законот вели до додипломско... Ама кај бива нешто да е направено како што треба во државава...
Класната на син ми контактираше со нас родителите уште пред десетина дена,за да дадеме податоци,матичен број и адреса. Не верувам дека е до школите и факултетите,лоша координација е помеѓу институциите задолжени за ова. Ќе го оправат,така мислам.
Странава никако да отвори баш сакав за мајка да проверам 14.500 и е плата еднаш зема 15и нешто годинава може да не ја следува но баш ќе видиме кога ќе профункционира... не дека ќе се збогати али ете мене ме копка дал ќе и дадат