Феминки има ли некоја на Универзална (Уни) Банка што е ,мене ме има објавено на страната купувам домашно ,ми следуваат девет илјади денари но немам сеуште никакво известување од банката .
Дали има некој на кој му следува ваучер за туризам ама пишува дека нема пријавено e-mail адреса? Пратив мејл со податоци на тие адреси таму што беа објавени, ама нема ни повратна информација, ни ваучерот го немаат пратено. Го нема во spam или junk, проверувам редовно.
Ти гарантирам дека е таа кај бензиска бидејќи често одам таму и кога ќе земам бројче ми пишува Расадник.
Ми пишува да си ја подигнам картичката од филијалата:Макпетрол.На Стопанска банка сум.Каде е точно таа филијала,некој што знае?
Кај бензинската Макпетрол, спроти катната гаража. https://www.stb.com.mk/sb-lokacii/mreza-na-filijali/ - на линкот ги имате сите филијали.
Макпримат е македонска, Винка, Трико, има во гтц и околу ујп знам бутици со македонска конфекција. За чевли и Баргала ја имате, Адесо трејд, сигурна сум ќе означат сите кај што ќе може да се користи картичката Ќе има сигурно означени и во маркетите и во продавниците. Имаме доста производи наши што не сме им посветиле внимание. Една Европа е наша, пиварите, винариите, млечна и месна индустрија, Витаминка, Вивакс, природни сокови има доста компании, масла за готвење, Фила, Алкалоид има и козметика, Реплек...Мислам дека луѓето од сите области може да си испазарат што ќе им притреба. И можеби и другите треба да помислиме и да се сконцентрираме малку овој период да си одбираме македонски производи при купување. Има ли некој подигнато од Комерцијална картичка?
Ми стигна кодот на моб. од НЛБ. А на вибер од Delcо ми стигна порака дека картичката е во една од нивните експозитури и истата ќе ми биде доставена следните денови. Има и опција за онлајн следење.
Каков код ти пристигна? и дали имаш добиено некаква друга порака од НЛБ?, кај мене нема абер уште ништо истиот статус стои во нлбмклик
Код/пин за користење на картичката, исто како и за обичните картички.Ми нема стигано никаква друга порака. Ќе ти стигне во текот на денов или утре, еве и на мајка ми и нема уште стигнато, али ќе биде сигурно.
И на внуками и стигна порака од Нлб со пин (она има ваучер од 3000) па се надева наскоро дека ке и стигне
Со моите беше таков случај, пративме маил со податоци но уште нема стигнато ваучерот Ако стигне кај тебе пиши.
Јас им пишав два мејла бидејќи на телефоните не можев да ги добијам, а на првиот мејл ми вратија со потврда дека се ажурирани податоците. Ваучерот сѐ уште не ми го имаат пратено. Биди упорна со мејлови.
НЛБ се светлосни години пред другиве банки. Не бадијала секоја година добиваат награда за банка на годината.