КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЗАПОЧНА СО ИЗДАВАЊЕ ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА Комерцијална банка од денес започна со издавање на картичките „Купувам домашно“. Банката со СМС порака ќе ги извести корисниците за кои има валиден телефонски број дека нивната платежна картичка е изготвена и дека истата може да се подигне во една од специјално наменетите експозитури/шалтери. На следниот линк корисниците можат да проверат дали нивната картичка е изготвена и во која експозитура треба да ја подигнат, како и да ја проверат состојбата на расположливи средства: https://www.banka.com.mk/DPK.aspx Сите информации за картичките „Купувам домашно“ од Комерцијална банка можете да ги прочитате на следниот линк: https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2490&lang=1&uc=1 Истакнуваме дека картичката се издава лично на корисникот на финансиската помош, кој со себе треба да носи важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), а за малолетно лице без документ за идентификација задолжително е присуство на родител/старател и поседување извод од матична книга на родени.
Овие стопанска се најдов катастрофа.Кај се најдов таму и сега да се акам по други населби и тоа во термин што тие ќе го дадат. Ми одмиле и картичка и се. Можеа и они до дома да ги праќаат.
Ми пристигнал терминот кога да си ја подигнам картичката од Стопанска банка.Но часот,безвезен.Тоа време сум на работа,а излегување не е возможно.Треба да се јавам во Стопанска банка да го презакажат часот или не е проблем ако отидам покасно?
Од Комерцијална ми стигна порака дека е изготвена картичката, ама нема никаков термин. Мора ли истиот ден да се земе?
Еве ова ми стигна на вибер. Најверојатно на сите се во процес на распределба по експозитурите на Delco, па во текот на наредната недела би требало да ги добиеме, ако не и порано. Уживајте ќе стигнат, битно нема да се туркаме пред банките.
Денеска чекав 1 час и 30 минути пред стопанска. Дојдов 15 минути пред мојот термин, видов дека раздаваат ливчиња, не се одело по термин. Добро. Кога дојдов, беше моментално 222 а јас бев 454. За час и половина стигна до 290. Си заминав. Безнадежно ми беше да чекам. Многу лошо е ова. Неорганизираност на ниво, дистанца не постои... или ќе одам утре сабајле само што ќе отворат или ќе одам при крај на месецот кога ќе се расчисти малку...
Можеш и др ден да отидеш. Секако е невозможно да одиш да ја земеш па да се вратиш на работа бидејќи е лудница. Мене ми беше закажано на 15 да ја земам, во 9 и 20, а ми стигна пораката во 9. Брзав како луда да стигнам на време а таму повеќе од 50 души чекаа. Земав бројче и чекав 3 саати о на крај се откажав. Бев вчера и реков денес има да завршам па што сака нека биде. Бројче земав во 13:03 а влегов во 17:20 . Не ги интересира ништо, намерно без потреба те задржуваат и си прават разговор по тел. Коа прашав каде може да се пожалам, да упатам критика и забелешка ми рекоа немам појма. Ужасни се.
Не. Они се барем фер за разлика од стопанска. Битно е само да отидеш во таа експозитура каде што е наведено. Твое си е кога ќе ја подигнеш
Денес во маркетот Кипер лепеа лепенчиња ,,купувај домашно' ' на цената на производот. И мене ми стигна порака со пин и дека ќе ми ја донесат до врата, а на мајка ми во каргото и е платежната картичка.
Да, но мене уште пред неколку дена ми се внесени податоците на нивниот веб сајт, со повратен мејл дека овие дена треба да ми стигне порака која ќе го содржи пин кодот и еве уште абер нема...
Во секој случај е подобро да чекаш порака со пин кодот и да ти ја донесат дома отколку со часови во Стопанска и ништо да не направиш. Ќе ни стигне на сите.
Да, знам дека е подобра опција. Ќе почекам не е проблем. Само мислев да не има некој проблем, затоа што они се баш најажурни од сите банки.
Мене на Стопанска ми пишува термин, ама ми немаат пратено смс. Штом не се почитуваат правила/ термини значи да си одам рано, за да си фатам ред...
Денес ја подигнавме од Делко на мајка ми. Често знаат да ни ја грешат адресата и не можат да не најдат. Па затоа кога примивме порака на Вибер дека е стигната во локалната експозитура, се јавивме и ја подигнавме од таму дирекно (мора лично). Картичката подоцна мора со пинот да се активира на банкомат. Има објаснување како и потоа може да се користи. Услуга на место, како што доликува за 2020. Цивилизирано прецизно, фино, на време. Браво за НЛБ.