Типичен поткуп.... Јас со 30+ години, ме известија дека ми се доделени 3000 денари.... Категорија МЛАДИ!
Леле со ова поткуп та поткуп, направивте ко демек ако ја добиеш картичката автоматски си заокружил за СДС. Аман. Никој не ве тера да ги гласате ни нив, ни било кој. Сами сте зад параванот!
Еве за сите оние кој мислите,дека со донирање на пари ве купуваат,слободно (откажете се од нив,имате опција),и работата е завршена.Еве не сум партиски определен,и ке си земам она што сум го добил,ама нема да гласам,и како тука ме поткупиле?Свесни сте дека овие пари се од наш џеб,и ете за среќа пак ке дојдат во наш џеб.
Не дека го сметам ова за некое којзнае какво дело, ама па да немаше никаква финансиска помош, онда ќе беа алчни, краделе, а не помагале, никаква помош не давале. На некој вака или така, ќе му послужат тие пари. Вас ако не ви требаат, не ги земајте.
Кипер маркети почнаље со лепење на производите кои се за купувам домашно,дали имате видено дали е почнато и по другиве маркети?
Здраво веќе ги омам префлено парите на сметка а сеуште немам информација дека картичката ми е изработена , дали тоа значи дека може да биде готова штом се префлени парите на сметка ?
Само да те прашам,и јас очекувам од НЛБ картичка,нели тие до дома ја доставуваа?Јас оставив податоци во банката електронски и ми стигна изведтување дела дома ќе ми ја достават.
Да. Дома ја носат, ама поради тоа што имаме проблем со адресата и најчесто каргото има маки да не пронајде, се јавивме во експозитурата и ни дозволија од таму лично да си ја подигнеме. Сигурно можеш и ти тоа да го направиш ако не ти се чека уште некој ден додека ти ја донесат до врата.
Не се јавив, ми се јавија тие и ми кажаа само да излезам да ја земам ако сум дома, бидејќи мора лично да се подигне.