Јас не ве пратам, извинете ако по 100ти пат е поставено прашањето. Тие што се на стопанска ви излегоа термини кога можете да ја подигнете картичката? Мене сеуште ми пишува дека ми е во изработка...
Дали ќе можат да се користат картичките во книжарници (и дали ќе мора книгите да се од македонски автори)? Не пишува ништо конкретно во Уредбата во врска со тоа. Мислам на Сакамкниги, Литература.мк итн.
Да тоа е точно, сега проверив и ме нема повеќе на веб страната. Се јавив кај пријател во одредената банка, истиот ме информира дека за околу 20тина картички(во нив и мојата) добиле известување да не ги доделат, туку истите да ги повлечат и да ги вратат во нивната дирекција. Е сега што мислиш колку такви картички има низ Македонија? Дали некој ќе ги искористи тие картички? Дали тие картички ќе се користат за купување на гласови? *лично мене не ми треба картичката, бидеќи не ја заслужувам, не сум во ниедна од наведените категории на граѓани.
Имам доста колеги на коишто сеуште им нема стигнато платежната картичка,а исполнуваат услови. Не дека се којзнае колку пари,меѓутоа во ваква состојба и те како значаѕ. Глупаво е тоа што се фалат како 28 милиони денари се доделени на граѓаните,а реалната слика дали едвај изнесува 2 милиони. Втора глупава работа е тоа што сме условени до 3 јули да ги искористиме истите,таман да ни остане во свежо сеќавање пред да заокружиме партија на изборите
Продолжија ли ? Затоа што дир.на Стопанска ми рече провери дали се стигнати парите и истите може да ги користиш до 3ти јули. Ако смениле во меѓувреме океј е. Фала
На m banking од СТБ ми покажува износ:3000 мкд, но сеуште немам добиено порака. Незнам што да правам, дали да ја чекам деновиве пораката или да одам во филијала понеделник? Дали и кај вас се има случено вака?
И Венко и Лиде ќе излезат на кафе, а ние што поднесовме приговори уште 3000 нема да добиеме. Шта чеш, македонска работа, битно дале они 28мил денари, ова де си ги земале у џеб.
До 3ти требаше да видат готови сите картички, а не да се користат средстават. Средствата првично требаше да се користат до 31.07, па го пролонгираа и тој рок до 15.08 мислам е сега
Да ќе ги искористат картичките тие за кои се, а ненамерно не беа ставени првично во списоците. Не верувам дека ќе се злоупотребат картичките, само ќе се пренасочат од тие на кои по грешка првично им стигна известување дека им следи на оние на кои навистина им следи.
На тие што треба да си ги подигнат од Комерцијална Банка им стигна ли на некој порака кога и од каде ќе треба да си ги земат картичките. Мене само ми стигна порака дека ќе ми биде изработена во КБ и надохнадно ќе бидам известена каде и кога, но еве уште нема порака
А известува преку порака кога и во која филијала да се подигнат како што не известија во првата порака?
Во тинекс видов веќе имаа истакнато налепници кај домашните производи, за др места не знам.... Значи можат да се трошат тие пари, уште банките да ги исплатат....