приговорите се поднесуваа неколку дена после објавата на листата мислам дека веќе не може да се поднесе приговор, имаше рок требаше да пишеш на маил да испратиш податоци сега веќе ги разгледуваат приговорите и поправаат
Со оглед на тоа што веќе се почнати со изработка на картичките и веќе на некои се доделени изгледа не може...
Исчитав неколку страни наназад, и заклучокот ми е дека морам да ја мењам банката. Значи стопанска се врвот на катастрофата. Ме ставиле да земам картичка во друг град, на 100км од мојот каде никогаш не сум била жител. Абе дали се нормални? Не знам каде да се жалам, а знам и дека нема фајде. Значи илјадарка од парите отидоа за нафта од старт. Подобро во Охрид да ме ставеа барем и оној за туризам ќе го искористев да преспијам во некој хотел додека чекам ред за да подигнам ваучер во банка. И онака само за мене си е. Маж и бебе ќе оставам дома оваа година. Сама на одмор. Чорба македонче
Татко ти е среќник Ајде се надевам идната недела ќе дојдеме на ред, ќе забрзаат процедура. Не за друго, ми се смачи да кликнувам на сајтот.
Класниот раководител ми го побара јас не ни знаев дека ми следуваат, она ме извести за тоа и сигурно она го дала некаде ништо повеке не сум ни известена ни знам
Не знам дали и другите ученици требало да го дадат матичниот број на класниот, ќе пише некој. Ако те нема на списокот требаше да поднесеш приговор до 15ти јуни. Провери на списокот и те немаше така? Приговор поднесе? Сега е касно за приговор освен ако не го продолжат рокот. За секој случај поднеси и сега приговор.
Да проверив ми вика дека не сум во таа листа на граѓани. Незнаев ништо не сум ни поднела. СЕпак фала ти знаеш како да поднеам приговор?(само моите лични податоци да ги пратам на меилот што е?)
На која листа да ме нема? Не, не. На списокот бев, сега чекам Стопанска на нивниот сајт да ми го одредат терминот. Различни се мојот и твојот случај. А да ја прашаш пак класната или друг од твоето школо дали тие добиле....Имало мн пропусти....
За картичките ништо не требаше да се поднесува. Брат ми е средношколец, класниот раководител им ги побарал нивните матични броеви и адреси, не знам дали било за ова со картичките. Прашај ги другите соученици дали имаат добиено. А за приговор прати им ги податоците што ги бараат, напиши и во кое училиште си запишан. Си имаше рок, ама можеби ќе го прифатат.