Не се чудете за учениците и студентите, бидејќи грешка најверојатно е во МОН, знаејќи што се се случува последниве години, секогаш по некој пропуст. Еве годинава последно изгубија документи за стипендии на еден куп студенти, па им бараат повторно да им ги достават. Таму е каша попара станато. Мене на компјутер ми се отвори, на моб слабо, и упорно refresh или continue.
Нема Дека сум редовен студент на Медицински и ме опфаќа и мене мерката, а сум изоставена и барам да се корегираат или да добијам барем образложение зошто јас не добивам 3000 и лични податоци доставив. Исто и колешка пишала од моја група... Па ќе видиме, чекаме сега дали ќе имаме повратен одговор...
*Го имав објавено ова во темата за образование, нека стои и тука.* Женски, еве направив прашања со одговори што ги пронајдов на интернет, корисни информации се, може ќе си најдете одговор на некое прашање што ве мачи. ◘ Кои се корисници на домашната платежна картичка? Вклучени се четири категории граѓани. - Првата се граѓани со низок доход, односно приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување до 22 мај 2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 ден. во период јануари-април 2020 согласно евиденцијата на Управата за јавни приходи. Во оваа категорија 115.927 лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка - Потоа вработени со низок доход кои се 117.144 лица и тие ќе добијат 3.000 денари еднократно. Ова се лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари- април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари преку мерката за јакнење на домашниот туризам на Министерство за економија. - Домашна картичка добиваат млади лица чиј број изнесува 87.014 кои ќе добијат еднократно 3.000 денари. Станува збор за лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование. - Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19. ◘ Каде може да се користи картичката? - Картичката ќе се користи за купување македонски производи и услуги во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало продавници за храна и пијалоци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување. Продавниците ќе треба да обезбедат обележани гондоли-рафтови со ознака “КУПУВАM ДОМАШНО”. Со картичката може да се плаќаат македонски производи и услуги на физички и онлајн локации на деловни субјекти кои вршат одредените дејности, но не може да се вади готовина од банкомат, да се плаќа надвор од земјата, да се префрлаат средства кон други сметки. ◘ Одговори на прашања поврзани со банките. - Министерката посочи дека издавачи на Домашната платежна картичка се НЛБ Тутунска Банка, Стопанска Банка-Скопје, Комерцијална Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Охридска Банка, УНИ Банка, Централна Кооперативна Банка и Силк Роуд Банка, односно оние банки што изразија интерес за учество. - Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка. Граѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичката ја добиваат од банката преку која добиваат плата или социјална помош. Оние граѓани пак, кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка се распределени кај една од банките според принцип на фер распределба. - Банките на своите интернет страни ќе ја објават постапката за комуникација со клиентите и начинот на нивната достава на картичките, односно доколку лицето е постоечки клиент на банката ќе добие смс порака кога ќе биде готова картичката и како ќе се подигне, а доколку лицето е корисник на финансиска поддршка и нема сметка во банката во која е распределен, банката ќе го контактира и ќе го извести за начинот на издавање и достава на картичката На корисниците ќе им бидат достапни и кол центри. - Картичката, банката ќе ја достави до адреса на граѓанинот или ќе може да се подигне во банка. Информациите се од либертас.мк П.с. мислам дека студентите на приватните факултети не се опфатени (таква информација добив од другарка), пишете информации тие што студирате на некој од нив. Ако не ви следува, треба да пишува: Внесениот матичен број не е во листата на граѓани на кои им следи финансиска подршка со оваа мерка. Ако мислите дека ви следува според наведените услови погоре, обратете се на finansiskimerki@gs.gov.mk. Честитки, со здравје да си ги истрошиме некаде
Оваа картичката за млади до 29, ја добиваат само тие што се на факултет или не мора да се на факултет?
Ова се лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари- април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата. Ај ве молам некој да ми го објасни делов, дали следуваат 3000 ако земаш 14 500 плата, но и додаток од државата некаков, за било што, дали се бројат вкупно средствата кои си ги добил, или само платата се рачуна?
-Домашна картичка добиваат млади лица чиј број изнесува 87.014 кои ќе добијат еднократно 3.000 денари. Станува збор за лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.
Може да се преспие една вечер. А не 300 000 души цел ден да влегуваат во исто време. Јас незнам како не експлодирала зградата досега.А не пак страната блокирала. Сами ја блокирате. Тоа е илјади илјади корисници на 1 страна_платформа во исто време. Не бев запознаен нешто со оваа мерка ама каков таков стимуланс во ова гомно време. Се надевам тие што треба ќе го добијат тоа што им следува по закон и ред.