И на двата ги побара? 751 и 752? Едит: Упс, 752 им е факсот. Види на тие другите броеви одделно за општините што им се поставени, може ќе ти одговори некој.
Se javiv vo delco mi kazaa deka mi e gotova no trebale nlb da im ja odnesat pa potoa delco da mi ja dadat a za kolku vreme nlb kje im ia dostavi?
Ја земав денес (од Комерцијална) иста е како обична дебитна, само пишува во ќошот - купувам домашно. Среќа одма завршив работа, немаше гужва. Туку дали всушност со картичката имам посебна, друга сметка, настрана од првата?
Да И користењето на таа сметка за оваа година ти е бесплатна. А од наредната година месечно ќе плаќаш по 150 денари ако не ја затвориш сметката. Барем на Стопанска банка е така. Затоа ние треба од кога ќе ги потрошиме парите да одиме и да ја затвориме сметката.
Дали на оваа картичкапосле овие 3000, ќе може да се уплаќаат парии да се користи као дебитна или како?
11 јуни ми пратиле порака дека ке ми биде издадена од нлб и да внесам податоци на нивниот сајт. 18 јуни ми е пратен пин кодот 19 јуни делко брза пратка ми прати порака на вибер дека може онлајн да ја следам картичката каде се наоѓа 20 јуни ми се јавиа да си а подигнам.
Само јас немам ни трага ни глас од картичката од нлб? Единствено на 11 што ми пратија порака на меил дека ќе ми биде доставена, и толку.
A ова за затварање на картичката важи за сите картички,мислам не важно од која банка сте ја подигнале...?
Во право си. Јас работев во маркет. Увезените производи се многу поевтини за разлика од нашите. На пример.......Битолски јогурт е 55 денари, а оној на Кораб Трница е 45. Е па....не е мала разлика 10 денари. Брашно на Жито Лукс е 40 денари, а српско брашно има за 25 денари. Не знам како сакаат народов да купува македонски прозиводи кога цените им се многу поголеми. Секој гледа поевтино да пројде. Мојата картичка уште е во изработка. И Кам и Стокомак објавиле дека и кај нив може да се пазари со картичката.
Не би требало. Во маркетот кај што пазарам почнаа со купување со картичкава. А производите не им се обележани. Продавачката кажува дека не е проблем. Реално...треба да ги обележат. Затоа што некои не ги распознаваат производите.