па со 30 години млади сте јас сакав да прашам за картичката за туризам. Мене ми следува 6000 кои лично треба да ги искористам. Е сега прашањето ми е само за себе ли мора? Кај ќе одам јас сама без маж и деца на пр.... Мора да може да се искористат и фамилијарно. 6000 хотелска услуга на пр за 4 члено семејство
Купувате по маркетите производи кои не се обележани? Бидејќи во некои маркети имаат пропусти и некои производи кои се македонски не им се обележани. Па не знам дали ќе им пројдат на каса како македонски
И мене ова ме интересира. Претходно некаде прочитав дека може да се носи придружба но ако си доплати.
Би требало да поминат. Во системот секако им пишува кои им се од мк производство. И до сега на фискалните има доле дел каде што пишува производи од мк производство.
Ваучерот е лично за сопственикот. Тој што ќе доаѓа со вас треба да си доплати. Се што е произведено во МК треба да помине на каса. Кога ќе купувате читајте кој го произведува тоа што сакате да го купите. Затоа што има производи кои не се произведени кај нас, ама имаат име од наша фирма. Тоа се оние фирми кои увезуваат од странство, само што лепат други етикети. Односно ги препакуваат производите.
Фала фала.... Од она што добив информација дека толку ригорозно нема да е кој ќе ја употреби картичката.... во помалите градови веќе се нудат тие картички на препродажба.....
Јас мислам дека можеш да платиш пр. соба/апартман со тој ваучер, ваљда нема да делат пола апартман со картичката да се плати пола со ќеш или друга картица.
Тие 6000 денари треба за тебе да ги искористиш. Ако сака и партнерот да седи со тебе, он посебно си плаќа. Ти за собата и он за собата.
И мене на 11 ми пратија меил дека почнуваат со изработка и потоа ништо. Вчера се јавив во нлб и ми објасни девојката од таму дека имаат премногу картички за изработка и дека ке биде готова деновиве. Така да ни останува само да почекаме
@Dream-Girl да не има нешто ново од приговорите што ги пополнивме? знам од ист факс сме па затоа прашувам
Ни кај мене... и На маилот што беше ставен на страната купувам домашно исто еднаш ми вратија ама толку