Би требало, ако се од македонски производител. Картичката треба да ја подигнам во петок. Само што проверив на страната на Стопанска.
Пишав на предходните страни дека на татко ми му има стигнато порака од нлб за картичка и пишува да се внесат податоци внесувам матичен број вика нема таква финан..поддршка на тој матичен број.Се јавив и на бројот што е напишан на пораката о само рекоа внеси податоци а како да ги внесам кого не може пишува нема на тој матичен.Дали некој има таков проблем со податоци не знам веќе што да правам.
Зависи како ќе ти се погоди. Јас чекав околу 15 мин. Ама други денови чекале по многу повеќе. Инаку отиди си порано, не мораш по термин затоа што не гледаат. Барем да си го фатиш порано редот
Истово и мене ми се случи денес, НЛБ Ми ја однеле картичката во друг град, и не можам да ја подигнам лично сега, а тие не смеат да ја пренесуваат од еден во друг град. И сега, како да си ја земам картичката? Некој друг со ваков пробем? П.С. во ДелЦо се јавувам цело сабајле но не ми креваат
Дали на некого му побараа сликање на личната карта од двете сстрани при превземање на картичката од поштар на Делко?
Мене во петокот ми стигна смс со пин, ама уште ми немаат пишано на вибер од делко да си ја подигнам. Дали некој друг чекал толку време? Не знам дали да се јавам да прашам
Јас кога отидов немаше никој со мене само уште едно девојче и тоа пред терминот бев, татко ми беше исто пред термин ми рече немало гужва, оди си порано 12-1 не гледаат термин. Што убаво ми дојдоа париве за по кафич, и така ништо посебно не може да се купи...инаку за Стружанка ако прашуваше некој не им биле уште пуштени терминалите.
Не ми е јасно зошто половина од производите на Алкалоид од брендот Бекутан не можат да се купат со картичката? Знае некој?
Од џебот на тие што работат и се пријавени на фул плата се парите. И тие ко по обичај нема да земат ништо, а тие што работат на црно ќе си земат картички. Ја 8+ години давам 40+% данок со секоја плата, (последните 3 години давам 30.000 Мкд месечно од плата само у данок) и еве секој месец чекам да се смилува државата да ми даде пари за породилно зошто секад нема пари за тие што работат. Важно фрла пари наоколу со глупи мерки.
Здраво, дали картичката ќе ми ја остават во поштенското сандаче или? Како оди процедурата за земање? Можеби имате пишувано за ова, но има многу мислења наназад и нема да можам да допрочитам. Треба да очекувам и SMS порака?
Јас пред малку добив порака од ХалкБанк дека е готова картичката. Дали таму ке го кажат пинот знае некој?