@lady.N јас сум на стопанска и се јавив и ќе ми ја префрлат картичката. Нема потреба никаде да одиш само јави се и ќе ти ја префрлат во најблиската филијала.
Иста е и кај мене ситуацијата. Од петокот е испратен пинот, а од картичката ни трага ни глас. Ако се јавуваш или ако ја добиеш, пиши тука.
Како е можно во КАМ на иста македонска фирма едниот мармалад со јагода да биде опфатен со мерката ,,Купи домашно", а другиот мармалад со вишна не е?
Јас размислувам како еднократно да се потрошат парите за да не се мрцвариме со картичките по продавници. Уште да беа готови.
ај преиспитај се малку дали се глупи мерките.. на луѓе и те како им значат тие 3000 ден. полека малку ај
На еден мој познаник денес му стигна порака од Комерцијална банка дека му е изработена картичката да си ја подигне од ГТЦ, но не пишува кога и во колку. Дали може да оди во сабота порано бидејќи утре и задутре е на работа во исто време кога работи банката?
Затоа што на некои од нив пишува потекло од Турција. И ние не змаеме што да правиме многу е збунувачко а нема простор за грешки.
Формулата е на Алкалоид, но не се произведува тука. Исто како некој италијански бренд за облека што дава да му шијат во Кина и на маицата ќе пишува Made in China а дизајнерот е од Италија и го дизајнирал таму.
И Кока Кола е во производство на Пивара Скопје. Ама е по лиценца на Кока Кола од каде и да е. Мислам не може Кока Кола да се купува.
Епа производството е битно. А во овој случај тоа е македонско. Не знам како на толку трубење не ги сфативте работите...