Алкалиод има отворено свое друштво во Истанбул и тие производи кои таму се произведуваат не може да се купат со оваа картичка, зашто иако е македонска фирма не се тие приозводи произведени кај нас туку во турција
Сите производи што почнуваат со 531 на бар кодот се македонски производи и може да се плаќаат со картичката, да си знаете кога ќе пазарите.
Зошто велиш дека нема простор за грешки? Што доколку не по наша вина купиме некој производ што не е наш? Еве за пример ќе ги земам Бекутан пелените.
Глејте го производителот.Ако пишува произведено во Скопје(или кој било наш град),Северна Македонија,производот е Македонски и може да се купи со картичката.Македонските производи кои може да се купат со картичката се означени во маркетите.Доколку е означено,нема што да ве буни. Кока колата која се продава кај нас ја произведува Скопска Пивара по лиценца и е означена во маркетите.
Знаеш колку газди на фирми има со картички зошто се пријавени на минималец? Газди на фирми со големи промети? Да, глупа мерка е зошто како о за се во државава не е спроведена како што треба.
Што знам...пишува произведено во Србија. @СуперДевојка мислам дека Кока Кола не може да се купува. Баш ќе прашам после во продавница. Се што е увезено од страна, а има наше име, не може да се купи. Не било наш бренд. Опасни се. Не се обележани сите производи што треба да бидат.
Ти можеш да земеш погрешка ама јас не смеам да ти дозволам да го наплатиш со картичката. Не знам но рекоа премногу пазење да има да не се купат произвоиди кои не се наши.
http://korabtrnica.mk/ еве и на кашкавалот дома ми пишува дека е од С.Трница, Маврово, Р. Македонија.
Јас кога работев во маркет кажуваа тие што носеа дека е српско производство. А во еден дуќан на пазар обратно кажуваат. Како и да е....најдобри се. Барем за мене.
Прв пат слушам дека се српско производство. Имаат и свој ресторан, комплекс, свои продавници низ Скопје. Не ми е верно. МК производ се.
И јас се чудам. А во продавницата кај што одам не се обележани. А ако се МК производ, би требало да се со црвена лента. Не знам дали Бекутан производи може да се купат. Се си мислам дека се друг производ.
@kukla21 изгледа не е се на фирмата. Затоа се зачудив. @piksooki очигледно треба да ги читаме декларациите.
На декларацијата може се' и сешто да пишува. Според мене кога го минеш нс каса важен е бар кодот. Убаво пиша некој погоре, македонските производи имаат бар код што започнува на 351. На тоа да внимаваме.
Да не беше 531? Баш сега се вратив од продавница. Почнале со обележување. Жито Лукс, Европа, Осоговски млечни производи, Винчини, Коко нат, Прилепска пивара, и др. @kukla21 и јогуртот е увезен. Ама за мене најубав.