Авакс се исто наши. Во Охрид се произведуваат. Во Тинекс има нивни Екстра производи за чистење. Глос е обележан како домашен.
@SummerGirl Плус,мајка ми прашала и купила Кока Кола и во Кам и во Веро(означена е). Кој не е по тоа,може да си купи Пелистерка Кола(означена е).
Искрено незнам,затоа и ме збунивте сега,затоа што 100% произведува све во Трница,тоа е бизнис од неговиот Дедо (кој е починат),и он реши да го преземе тој бизнис,иако све беше пропаднато,па он го врати во живот целиот концепт на Трница.Ке го прашам баш што се случило,инаку неговите се Срби,али е он роден во Мк,и цел живот тука живее,чудно сеа ова производено во Србија.
Јас ги знам нашите производи. Ме интересираше за оние што се произведуваат по овластување. Добро е да се купи Кока Кола. За оној што ја пие. Јас не пијам такво нешто. Ќе се најде чат пат за гости. А по месарнициве дали може да се пазари?
Цела биографија напиша за чоекот, во ред е. Секој со својата политика на работа. Од толку што ги критикувавте картичките, па не ви требаа, па не знам што, сеа некако убави се и сите барате мкд производи и за ситници се фаќате. Ова второво не се однесува на тебе @ЕденЧлен ама уште брачен статус да напишеше за човекот и што појадува и тамам сме
Јас го купувам често козјото сирење од млекарата Трница. Пишува на кутијата с. Трница, Маврово Ростуша.
Кај мене во комшии многу уште не ги добиле картичките. До 18ти има време. Голема навалица има по маркетиве.
Познавате некој што не добил смс порака воопшто? А ме имаше на страната. Барем да добиев порака дека картичката е во изработка...
И мене ми немаат порака пратено никаква. И на страната на Стопанска банка пишува дека картичката ми е во изработка.
Така е на пр другарка не зеде бидејќи е пријавена на повеќе од минимална, а газдата зеде ваучер па дури и се фалел дека зел.