Ако се уште чека некој информација од НЛБ за картичката, еве како одеше процесот кај мене: На 11ти јуни го пополнив формуларот. На 22ти јуни ми стигна пин код. Денес (25ти јуни) ми се јавија од ДелЦо ако сакам да одам да си ја подигнам или да почекам 7-10 дена за додека да дојдам на ред.
Тукушто ми ја донесоа картичката на адреса. Пишува дека не е активирана, дали морам на банкомат да ја активирам?
Стопанска ги објавува термините од денес за утре, барем кај брат ми и кај сите што ги познавам беше така. Проверувајте си секој ден.
Сега прочитав и дека може да се активира на ПОС терминал при контактна трансакција со внесување на пинот. Ќе пробам така
Кај мене беше објавено на 23јуни за да ја подигнам денес на 25јуни, а порака ми пристигна на 24јуни вечерта во 21часот.
Еве јас во фрижидер најдов сирење и биено сирење пишува произведено во Македонија. Значи заклучок дел од производите им се наши дел не.
Да споделам искуство со Стопанска банка. Брат ми е малолетник, нема лична карта, но има пасош. Татко ми отиде со него пошто срамежлив е малку повеќе, ги примиле, чекале половина час и на крај им кажале дека не може со пасош, мора да има и извод. Е добро, што е тогаш пасошот? Не е документ за идентификација? Крајно безобразни. П.с. јас си ја подигнав од ДелЦо, 2-3 минутки ако почекав само додека да ми ја најдат.
Вечерва во 22 добив смс од Стопанска, да си ја подигнам утре во 15, епа дојдов и јас на ред конечно. Како ми дојде, момичкава роденден има, да си и купам некои работи
Стварно се безобразни.Мене ми е истечена личната карта па од НЛБ ми прифатија пасош како документ за идентификација.
дел ко не даваат никогаш и ниедна пратка без лична карта мене понеделникот ми пратија порака со пин картичка уште нема. и јас баш кога чув за купувај домашно го помислив ова. Освен брашно масло ... Малку има македонски производители. И се произведува нешто безврска што не е ептен корисно како на пр. Стоби флипс агрокрем ..... Друго сакав да прашам.. има ли некој производ од асортиманот на бебешка храна а да се произведува во Македонија??? Се мислев за Лино ама не знам дал е македонски производ или не
Вчера мајка ми се обидела да пазари прв пат со картичката, но в маркет ја покажало како невалидна. Кога ја доби, провери на банкомат, сѐ беше во ред. Дали некој друг имал ваков проблем?
Не мислев на храна, може да се купува од Светот на Биби во продавниците во Гтц и Аеродром, штотуку дознав