Требало да прашаш за кој производ точно треба да доплатиш бидејќи сите што ги земала биле обележани дека се македонски. И да и ги вратиш тие што не си можела да ги купиш со картичката. Безобразни се и сакаат да искористат сигурно па на повеќе производи ставаат таква налепница и после на каса да доплатите.
Баш се безобразни. Има производи кои се наши, ама не можат да се купат. Тие не ги купив. Ама ова ме зачуди. Не доплатив многу. Само 60 денари. Баш чудна работа.
Ме интересира еве средствата ги потрошив,дали смеам картичката да ја продолжам да ја користам во смисла треба да му речам на банката да ги тргнат рестрикциите или како?
Кога бев да си ја земам картичката во Стопанска во термин воопшто не стигнав да ја земам. Тоа беше пред околу недела дена. Дали има рок до кога може да се подигне картичката?
Што се однесува до купувањето на производите....Има производи кои имаат мк код, ама се произведени во странство. Тие не можат да се купат. Прашував по продавници.
Да. Какаото во Кам пример. Самиот продукт е произведен во друга земја, други фабрики. Немаме ние плантажи за какао. Ама, кутијата е македонска затоа кодот е 513. Целата оваа мерка е да го поттикнеме купувањето производи кои се направени и одгледани во Македонија. Мислам дека се разбравме
Затоа претходно пишав дека треба и декларациите да се читаат. На пример...имаме сапуни на Алкалоид - Асо, Асо дерм, Аме....тие се со наш код, ама произведени во Грција. За Бекутан сапуните не сум сигурна.
Здраво, Добитник сум на картичка купувам домашно јас сум на нлб банка и го потполнив прашалник за достава до домашна адреса но сега ми стигна порака од стопанска банка да си подигнам картичка од таму во точно одреден датум и ден дали му се случило и на друг или се работи за грешка
Isto i na mene,a zedov se so pisuva kupuvam domasno i ajde doplativ 30 denari i posle gledam na prozivodo pisuva proizveduva RSM. Sigurno ne im e vneseno se vo kompijuterot ...