Мене да, уште пред десетина дена. На мајка ми и сестра ми им пратија порака од Делко дека картичката им е пристигната, но да се јават за да се договорат за термин кога да им ја достават дома. Мајка ми сто пати ги бараше цела недела, но не се јавуваат, крајно се несериозни бидејќи ова се случувало во неколку ситуации кога сум имала пратки кај нив. Утре веќе ќе одат таму лично да си ја подигнат.
Каде поточно се наоѓа тоа? Затоа што и мене ми стигна порака со пинот пред повеќе од 10 дена, а од картичката ни трага ни глас..
Не знам точно дали е исто за сите градови, претпоставувам дека сите градови имаат различни доставувачи. На мајка ми ѝ стигна порака директно од кај нив и имаа оставено број за контакт. Ако знае некој или ако имал искуство нека ти каже поточно, или пак јави се директно во НЛБ да прашаш.
На вибер ќе ти пишат во која подружница на Делко ти се наоѓа картичката. Инаку најдобро иди земи си ја од таму, ја чекав една недела видов дека немаат абер да ја донесат,па бев си ја зедов.
Да, претпазливо ако пазарите според баркод, бидејќи иако започнува со 513 некои производи се произведени во странство за македонски фирми. Во Стокомак кај Зелен Пазар абе ништо не беше обележано, па реков ајде ќе пазарам според баркод, ама на каса не се покажа како ефикасно.
Да... Може и на авокадото да му е шифрата 531, ама не е наше . Читајте на декларацијата кај шо има "произведено во Македонија". Поточно од тоа нема
Ни јас немам уште од нлб добиено. Само смс добив со пин и толку.. Каде се наоѓаат Делко во Скопје? Дали се само на 1 локација во Скопје кај Бриколаж? Не знам дали би била таму ако отидам...
Изгледа немаат намера да вратат на приговорите и да ги поправат списоците. Прочитав на форумот на тие на кои по грешка им пуштиле картичка, ги повлекле. А ние кои фалиме на списоцитe, мало сутра.
И мене до вчера така ми пишуваше па вчера се смени и ми дадоа датум и термин. Не знам само како ги делат по кој редослед али ќе дадат на сите што треба со ред.