Има ли макарони што можат да се купуваат со картичката Купувамдомашно не можев да најдам во маркет а не ни знам кој се баш наши?
Има во Жито маркет баш зедов пред некој ден. Имаше и др.работи мислам од истата марка, фиде, шпагети...
Млечни и месни производи колку сакаш, немало македонски производи.. Има,само не ни текнало да се фокусираме на тоа што купуваме и од каде
Ние проверивме на истата страна со матичен број и ништо не покажува...дека не ја следува Х личноста од тие мерки... А кога допрва ќе се дава и дали е точно ќе видиме. Некако ми нема логика, дел од граѓаните веќе ги искористија картичките, а за оваа група допрва цел процес одново...
За оние кои се пријавуваат на 6 месеци и пензионери кои земаат пензија под 15 000 денари најави Шеќеринска четврт пакет мерки. Прво треба да донесат уредба за тоа.
За платежната картичка сигурно може да се отиде друг ден ако не можеш на терминот? За Стопанска прашувам.
Не мора да значи дека било намерно. Мене ми се случи така пред неколку години за блек фрајдеј во ваикики. Не знам што беше проблемот, дали премногу тансакции имаа или што, ама изгледа не ми помина првата трансакција. Наредниот ден ми имаа повторно наплатено, а парите од првата трансакција со месеци ми седеа во резервирани средства. После којзнае колку време се јавив во контакт центарот на банката и за 5 минути го решија проблемот и ми ги вратија парите. Се случуваат технички грешки некогаш, ако се работи за истата сума, може да е слична ситуацијата.