Мене во 3 сатот посабајлечки не ми е јасно зашо на листава сум со моминско презиме и адреса кај шо си живеев, а сменив податоци... ако ми ја пратат на домашна адреса океј мајками тука е, а ако треба да ја земам.. имам други податоци на л.к шо знам
Мене не знам дали би ми следувало, јас сум вонреден ученик во средно училиште и имам 23год. Не можам да проверам од вчера страната воопшто не ми ја отвора, живци искинав веќе.
И дефинитивно се поделени по партиска линија. Две колешки на мајка ми исто ги нема а се со минималец.
Па не би рекла дека се баш поделени по партиска линија еве од моето семејство добивме сите со исклучок на едната сестра која има поголема плата и мајка ми како здравствен работник за неа следува друг ваучер 30% од плата. Можеби е грешка или пропуст во системот на податоци. Имаше начин да се прати меил ако има ваков пропуст.
Мене ме има на списокот и ме пишува во категорија со ниски примања, а не како студент. Е сега нели нешто збореа дека за студентите ќе има некои ваучери за сместување за време на сесија или да се иакористат за некој курс нешто по 6000? Сега ми е во мисла дали ако ги има тие мене нема да ме опфати бидејќи сум ставена во категорија со ниски примања.
А еве и да се откаже не верувам дека ќе ги пренасочат за нешто корисно, едноставно ќе си ги земат назад само.