Најверојатно поставено прашање но не ми се читат сите претходни страни. Братучетка моја 17 години и била готова картичката од Стопанска Банка и треба да ја земе вечерва. Дали мора родител да оди со неа или може сама да оди со извод и нејзин пасош? Бидејки и 2цата нејзини родители и се на работа во закажениот термин. И друго дали може со картичката да се купува во Ваикики?
Не знам од кој град си,јас ќе зборувам за кај нас за Битола,има бутици каде може да се искористи и тоа во еден бутик за облека Вико се вика се наоѓа на влезот на самата чаршијаИ исто така еден бутик за чевли Уникат се вика.
Не знам дали важи за сите продавници на Дуки Дасо, но барем во мојов град можат да се купат само одредени ташни со картичката, а накит и други производи не.
И мене ми е чудно ова со Дуки Дасо.Знаев дека не е македонски бренд,но дел од производите им се македонски.
Е аман, кога ќе биде тоа... Сега се во изборна кампања, не може да се донесуваат уредби така? Мене ми мириса на предизборно ветување...
Брат ми беше со пасош, но му побараа извод, не знам зошто не го прифатија пасошот како документ за идентификација. Ја подигна со извод, со татко ми наредниот ден. Зборувам за банката во мојот град. Инаку, тој термин е препорачан термин за да нема гужви. Како што читав, не се почитуваат термините, и да отиде во тој час и таа минутка, пак ќе си чека. Така да, може и друг ден. Во Ваикики не може да се купува со неа.
Мислам дека може да се купуваат само книги од македонски автори, барем така важи за Култура и Сакам книги
На страната им пишува дека листата со места каде ќе може да се искористи ваучерот ќе биде објавена до 5 јули.
Денес јас платив со картичка ташни и колан од продавницата на Дуки Дасо во Битола...ми рекоја дека се што има во продавницата можам да платам со картичката. Македонски бренд е од Неготино пишува на етикетата.
Во Литература, Матица, Топер може од било кој автор. Во Три исто важи ама не знам дали и за странски пошо само наши купував таму.
Знам дека е Македонски бренд, затоа ми беше чудно кога ми рекоа дека не важи за сите производи. Дури и сакав да купам една од ташните кои беа означени, но не поминуваше, ми рекоа дека сигурно уште не им било активирано или не знам точно како одат тие работи, па да дојдам пак за некој ден.