https://www.vecer.press/охрид-и-скопје-со-најмногу-понуди-за-см/ Треба да ги изгуглам сеа кои се тие, ама во принцип има бааги легла за преноќување незнам баш кај сте прашале
не ми е јасно што се разгледува за студентите Сите студенти до 29 години имаат право, што толку им треба да разгледуваат
Изговори само си наоѓаат... Или па и тие од факсот не праќаат податоци може, имавме ние проблем и со здравственото нели, толку провериле и сега...
Да, да. Баш не заебаваа нас со потврдите за здравствено. Порано траеше по цела година, сеa магично го направија пола година да трае, од октомври до мај. И пошто не одиме на факс ради ситуацијата ни беше кажано дека од факс ќе средат со потврдите без да одиме лично ние. И еве каша попара направија, пола сме без здравствено пошто на 31ви мај ни истече.
Колега гледај ги почесто вестите https://sitel.com.mk/90-procenti-od-prigovorite-za-platezhnite-kartichki-se-odbieni
https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/videos/577820613104631/ Вчера во ова обраќање министерката кажа дека до крајот на неделата ќе се завршело со проверка на сите приговори. Досега немам разбрано на некој да му имаат одговорено. Според неа на тие што му бил одобрен приговорот веќе биле и додадени на списокот
Може намерно темпираа да е неколку дена пред избори ова со приговорите као демек еве работиме нешо. Ај баш ќе почекаме да видиме шо ќе биде, ако до 15ти нема ништо, дефинитивно нема 3000 за нас шо не добивме..
Значи исто,крајно треба да ја вратат во НЛБ,н таква наредба имаат. Најдобро јави се во делко во бт ,па потоа во НЛБ . Додека ги земеме картичките ќе истече рокот, засега е продолжен до 31.8.
Ova so karticive e, koj dobi dobi i tolku od toa. Koj proekt im bil celosen i ispolnet do kraj. Bilo koi da dojdat ke zamackaat oci i eve dadovme.kolku dale se vide. Ne se nadevam deka ke vratat na prigovorite i deka ke ja vidam taa karticka od 3000 ili vaucerot
Се извинувам ако е прашањево претходно поставено ама ме интересира за ние што немавме сметка претходно во банката во која сме распоредени, дали ова се рачуна како да сме отвориле сметка со земањето на картичката или е само привремена? Јас од претходно имам една на Еуростандард банка, ама бидејќи таа не беше дел од банкиве што доделуваат картички бев прераспределена на Стопанска банка. Инаку вчера си ја зедов картичката, нема ич врска во колку саат ќе појдиш туку да си на точен датум, бидејќи тие имаат приоритет да влезат попрви од другите што го испуштиле терминот, инаку сите си чекаат ред без разлика во колку саатот ти е терминот.
На линков имате СЕ во врска со ваучерите за туризам: - Официјална листа на сите сместувачки капацитети каде може да се искористи ваучерот; - Како да го искористите, како да резервирате; - На што треба да обрнете внимание и да внимавате; - Временски рамки на кои треба да припазите; - Каде да се обратите доколку се чувствувате оштетени дека требало, а не сте добиле ваучер; - Други детали ( пример: Дали мора во една посета да се искористи целиот износ, Дали може друго лице да го користи или мора лично носителот на ваучерот и сл. ) Каснат со листиве некој ден, нели требаше на 5-ти јули да бидат, ама добро е, и искрено сум позитивно изненадена колкава е листата и колкав избор имаме. Е сега, јас искрено претходно не сум била фан на летување во Македонија, па не знам како се движеле цените лани да кажеме, ако има некој што ги прател и е поупатен нека каже дали има разлика со овогодишните цени. Исто некој кој бил во Охрид, Струга, Дојран периодов, нека каже цените општо во ресторани, кафулиња како се движат, дали се стандардни за овој период од годината? Ако веќе сте решиле каде ќе го искористите ваучерот дајте некој совет, кои се најдобри од понудениве избори (конкретно за место покрај езеро, да е поново сместување и помодерно).