На тие што ви се картичките преку НЛБ, не чекајте делко да ви ја донесе. Крајно не професионални, ниту се јавуваат на телефон ниту услужуваат директно. Одете секој ден во делко додека не ви ја дадат. Ова е од искуство.
Сметката не е привремена и може да се користи и понатаму. Само до 31.12 е без надомест за водење и други давачки, после тоа регуларно како и секоја останата сметка во банка подлежи на трошоци. Може онлајн ако продавачот има домашен онлине пос регистриран во некоја од дејностите според листата. Не до 18.07 банките мора да ги имаат изработено сите. А подигање кој кога ќе стигне.
Зашто секој ден, не ги даваат одма ако е таму? Брат ми планираа утре да оди, ама не е сигурен во која база повеќе ги има низ Скопје
Па стаса порака дека е во делко а таму викаат тука нема никаква картичка, на прашањето зошто тогаш праќате пораки дека е стасана? Одговорија епа праќаат. Така да ако ви стаса порака 100% е кај нив ама од преголема гужва ги мрзи да побараат, па следниот ден пак ќе треба се додека не ја подигнеш.
До 15.08.2020 да се потрошат парите, после картичката можеш да си ја користиш ако си ставаш средства на таа с-ка.
Нека оди во централата, се наоѓа блиску до Бриколаж. Член од семејството се изначека да му ја донесат и на крај таму отиде, малку го разшетале од една соба во друга па се изначекал и таму но на крај му ја дадоа. Крајно непрофесионално.
Денес бил во Делко во општината каде што живее, уште пред 8 лудница 20 души, ни маски, ни дистанца , страв му било да чека. Отишол до Нлб прашал, му рекле дека од Делко во општината каде што живее ќе му ја дадат. Ваму во главното како е со гужви? Ужас се значи.
Сега му се јавив да го прашам, вика накај 8 сабајле отишол и во ред чекал 1 саат па кога дошол на ред требал уште 1 саат да чека да им ги донесат картичките и тек тогаш да ги поделат. Хаотично. Вика држеле дистанца, се било во ред ама внатре вработените организација 0.
Женски, гледам дека некој од вас поднеле приговори. На кој начин, каде да поднесам, и дали да поднесам не знам . Имено, јас имам одобрено и подигнато; се работи за брат ми (он е во последниот пакет мерки). Не е вработен, има осигурување ама не се пријавува редовно. Па затоа претпоставив го немаше во првите кога добив јас... Ама и сега го нема пак. Дали уште не се внесени во систем не знам .. Некој друг од новиов пакет мерки дали проверил дали му следува...? Заборавив да напоменам дека плус е студент и спаѓа во категорија млади лица.