Колку што знам за новиот пакет кој опфаќа и други категории уште не се знае кога тоа ќе биде за нив. Само најава е. Изгледа да ги залажат предизборно, гласајте за нас, па после избори ќе добиете и вие.
Доколку брат ти е студент и има до 29години би требало да спаѓа во првата група што доделуваа картички. На многу факултети не поднеле податоци и студентите ги немаше на список и не добија картичка. Во новиот пакет не би требало да спаѓа брат ти, но дури и да спаѓа тоа не е сигурно дали воопшто ќе е усвоено.
Ako probam da platam so kartickata ne makedonski proizvod bilo po greska ili ne.. nema da pomine transakcijata?
Вработените внимаваат на тоа, мислам нема врска со трансакцијата. Тие ќе те предупредат и нема да дозволат да купиш странски производи со таа картица веројатно.
Во Зегин не поминува. Баш на алкалоид производ сакав да купам нели македонски производи, арно ама светна црвено и вели не е македонски производ. Аптекарката вели не е произведен во Македонија туку е произведен за Алкалоид но во Италија. Не знам дали прво проба да направи трансакција или на компјутер виде па ми кажа дека не може. Во маркети ме тераат да ги издвојувам производите и одат на различна фискална сметка.
Да се самоцитирам. Денес пак платив во маркет со картичка и тука не ме тераа да ги издвојувам производите, самата програма пресметува колку имам за плаќање со картичката колку во кеш и така платив, дури и на иста фискална сметка беа сите производи.
Јас имав вакво искуство во Дуки Дасо, нели рекоа дека само ташни со одредена шифра се вбројуваат во Македонски. Јас купив ташна со таа шифра, а сестра ми сакаше друга да купи која не спаѓаше во домашни и самата продавачка рече ако сакате да пробаме можеби и оваа ќе помине, некогаш поминуваат. И навистина успеа, ја плативме ташната со картичка и толку.
Realno spored mene ke ima prodavnici sto ne se od golemi sindziri ili fransizi od tipot butici ili slicno sto bez problem ke otkucaat mk proizvod deka e prodaden na fiskalna a ke mozes sto sakas da kupis...
Дали има некој од нлб што уште не му ја доставија картичката, а од дел ко не креваат телефон? И во кои продавници за облека/текстил освен стружанка има можност да се искористи истата?
Бев во Халк во Лептокарија пред 2 недели и редарот што беше на смена кога му кажав дека чекам за картичката ми рече дека ќе ми стигнело порака на телефон кога ќе е готова. И си отидов, али ја немам оставено податоци нигде, плус уште ми нема стигнато никаква порака. Да идам после пак или да им ѕвонам? може треба да оставам податоци. Знае некој што е во Халк да ми каже што да направам?
Дали тие што имаавте приговори за картичките ви беше одговорено? Поднесов приговор за мајка ми, а веќе е 12ти Јули и не добив никаков одговор. А као до 18ти требаше на сите да им бидат доделени...
За Халк читав дека треба во најблиската филијала да се пополни формулар со податоци за да те контактираат. Кликни тука.
Ако на некој му прифатиле приговор во тек на денов, нека пише. https://www.facebook.com/111675060209698/posts/305350464175489/
Прво до крајот на месецот, минатиот понеделник рече до крајот на неделата да завршат со сите приговори, да видиме дали конечно оваа недела ќе добиеме сите одговор.
Не се јавуваат на повици,недостапен им е бројот.Јас после една недела повторно ќе одам денес да видам дали ми е стигната картичката