Ваучерите за туризам мора лично лицето чие име е носител на ваучерот да ја искористи, или може друг во негово име? Има за ова официјално известување?
Денес добив на е-маил од министерство за економија "Вашето барање е одобрено, ве молиме кликнете на линкот за да ги пополнете податоците (и имаше пак нешто да внесеш име, презиме, матичен број, општина), ама на domasiedoma пиши внесениот матичен број не е на листата доставена од УЈП. После од ко го пополнив то, е-маилот исчезна (или јас не можам никако да го најдам). Има некој слично искуство?
Оди во Делко барај ги.Јас денес ја зедов после месец чекање.Значи велат дека дома ќе ја донесат,а телефоните им се недостапни за информација.Оди во Делко
А уште ли важи тоа дека до 15 јули мора да се земат или поделат картичките? Бидејќи требаше да се достават на домашна адреса а испадна ние таму да ги земаме и како во небрано сме и дали ќе може после 15 да се земат бидејќи не е наша вина они што не ги доставиле.
Приговорот ми е прифатен на мене, си добив 3000. Искрено ич не очекував ама изгледа пред избори се разработија. Во Стопанска сум јас, да не има некоја процедура за во банката да се пријавам ко шо беше за други банки или?
Јас сум на Стопанска, немаше процедури посебни со пријавување само одиш в банка на денот кога треба да ја подигниш картичката (јас му го покажав терминот на тој што стоеше на врата директно од гугл, бидејќи ми немаше стигнато порака, а ако ти има ја покажуваш пораката). Часот не беше битен, само денот, бидејќи тие на точен ден имаа предност да влезат пред другите кои го испуштиле терминот.