Дечки мене нешто ме интересира па ако некој знае да ми објасни. Јас требаше да дипчомирам годинава ама се вработив крај на февруари/почеток на март и си бев се регуларно пријавена. Работев до јуни, кога дадов отказ да можам да завршам со факултетот. Е сеа добив картичка од 3000 за млади меѓутоа не ми е јасно зошто не добив и ваучер за туризам бидејќи бев вработена од март до јуни со минимална плата тие месеци. Пратив неколку пати приговор и ништо. Си проверив во агенцијата за вработување и си пишува дека тие месеци сум била пројавена пд фирмата се регуларно како што треба
Провери на страната и не ти следува? Ако ти следува а не ти испратиле тогаш на страната имаш да си пополнит податоци и одма ти стига на маил, а ако пишува дека не ти следува тогаш си требала да им пратиш жалба па деновиве најкасно да ти пишат дали ти следува. Ти секако пополни си податоци на страната може ќе ти пратат.
Јас бев определена во Халк,немав сметка никаде,па отидов до филијалата за да оставам податоци.Ми дадоа формулар да пополнам,но имаш и онлајн.
https://skopje24.mk/angelovska-na-listata-na-kupuvam-domasno-uste-5000-mladi-prifateni/ Проверете си на страната повторно дали сте додадени. Јас и другарка бевме додадени на листата.
Можеш во сите маркети. Јас бев во КАМ, ама се разочарав. Нема многу избор. Ако одиш во аптека може да земеш лекови само на приватно. Кога ќе купуваш во маркетите обавезно читај ја декларацијата. Треба да пишува произведено во МК. Од други дуќани можеш во Стружанка, Дуки Дасо, Биана Трејд, Баргала, Европа, и др. За ваучерот уште не сум одлучила. Има објавено листа на сајтот домасиедома.
@Stephen Amell @cresa-jagoda Aјде ќе ве молам. Може тужби да летаат. Дедо ми ептен си ја чека картичката. Јас не следам вести, па затоа тука прашувам.
По продавнициве исто има производи шо се произведени во мк, а не ги рачунаат како такви. Пример, во тинекс пред некој ден, купив слатки(паковани)произведени во Скопје, на каса не ми ги рачунаа како македонски производ.
Исто како што ми направија во КАМ....со карамелите од Европа. Или е грешка во системот или намерно прават така. А знам дека во Европа се купуваат нивните производи со картичката. Што се однесува до слатките, можеби фирмата не се пријавила во проектов. Ама колку што знам, се купуваат домашни колачи. Или е грешка на Тинекс. Ако не е проблем, за кои колачи се работи?
Да, можеби фирмата не се пријавила, на тоа не помислив. Инаку за слатки од Блондина. Прв пат купувам, случајно онака окото ми фати.
Баш ме зачуди. Во сите маркети кај што бев може да се купат домашни колачи - Сахара, Еко ресана, Мики пром, Коко нат.... Пробај некои од овие.
Јас до сега каде што пробав не можеше да се плати со картичката Исто внимавајте на производите од Swisslion, оние производи кои се произведени во Агроплод-Ресен како еурокремот во жолто пакување и блок чоколадото можете да ги купите со домашнава.