Ајде баш ќе побарам некои од овие. Фала тии! Многу на нерви ми одат со то шо немаат налепници и на каса испаѓа друга приказна.
Да, нема многу производи ама да не се излажете да земете од вистинското Swisslion од Србија да пазарите (Нели Агроплод спаѓа под Swisslion но сепак продизводите си останаа, оној мал дел кој можеме со домашна да го платиме)
Многу е мал делот. Убаво викаш да се внимава. Не можат сите ресани да се купат. Само оние на кои пишува Агроплод-Ресен. Односно оние што се во сино картонско пакување. На некои производи пишува Свислион, а на некои Свислион Таково. Тука може да се направи грешка. Исто и со производите на Алкалоид. @Waverly Raven баш пред некој ден во продавница видов колачи со мк знакче.
Дечки можи некој има прашано, ама да не вртам низ страните... Да си прашам кога е краен рок за достава на картичката? Треба да ми ја достават од НЛБ ги нема месец дена.
Пополнив тоа на страната ама нема ништо на маил. Прашањето ми е зошто кога сум била вработена со ниска плата не ме ставаат во категорија со ниска плата (на која и следува ваучер за туризам) туку сум во категорија млади Тогаш кога беше периодот за поднесување приговори им сликав договор за работа и им пишав дека сметам дека сум во погрешна група ставено, односно дека ми следува оќи ваучер за туризам ама нема ништо ни од таму.
Дали со картичкиве може да се плаќа во сите ресторани и фризерски/козметички салони? Или не примаат секаде?
Здраво , дали со картичката може да се уплати на нет поточно сакам да уплатам за една програма на Me fitness ? Да не ми направат нркаков проблем ? Фала
Здраво каде може да се провери дали пензионер му следува картичка,најавија дека и приматели на пензија под 15.000 ден. ќе добијат ваква картичка На страната на купувам домашно нема уште инфо за ова
Што ако не ги добиеме картичките до крајниот рок за користење на средетвата? Што е ова непрофесионалност не разбирам. DelCo катастрофа услуга, сто пати отидов за да ми кажат дека не е стигната од дирекција картичката
Дали може во Џакомо да се плати со картичката од 3000? Ја стварно не знам кај ќе ги потрошам парите.. Вчера на Макпетрол една вода не можев да купам им се багнал терминалот.. @Аргентина * јас на Макпетрол пред 3 дена сакав да земам Бекутан влажни и ми рекоа дека ја продале лиценцата и дека фактички не се рачунало како наш производ.. Ни тоа не може да се купи