Додадена сум на списокот откако поднесов приговор како студент. Прераспределена сум во Стопанска банка. На нивната страна, откако ќе внесам матичен број, пишува дека картичката е во изработка. Така е веќе 2-3 дена. Но нели картичките требаше да бидат изработени до 18ти јули? Вие што бевте прераспределени во Стопанска банка, дали ја подигнавте картичката во терминот кој ви го пишуваше на страната? Инаку немам сметка во Стопанска, па немаат ни мој број за да ми пратат порака но верувам дека ќе известат за терминот преку странава.
И кај мене е исто така. Јас разбрав дека до 18ти треба да ги изработат, а може да ги подигниме и после тој термин. Чекам и јас термин, па ќе видиме.
Каде да пратам приговор за картичкава? Пробав на меилот што им е на страната, ми пишува дека не е пратен ???
И кај мене е исто, пишува дека се изработува. Другар ми ми рече он бил у Стопанска, за 3-4 дена му стигнало дека му е готова, уште првата недела ја земал.. Ама сеа ние дека сите сме у Стопанска шо ни прифатија приговор може подолго ќе ги изработуваат.
@Dream-Girl и останатите шо сте у Стопанска. Проверувајте секојдневно на сајтот оти можно е да не ви стигне порака. Ќе идете во тој термин со лична карта, процесот трае 10 минути. Ќе си кажете ПИН, ќе ви ја активираат и толку е.
https://www.nlbklik.com.mk/ Нлб клик провери дали можиш да креираш профил. Бесплатно е. Само не знам дали мораш да имаш сметка претходно.
Бидејќи сум договор на дело и поради тоа така ми кажаа . Не само на мене и на др колешки исто така со друго има но еве сеуште ми немаат јавено за да ми ја дадат
Дали картичката за туризам е стриктно за сместување или може да се искористи во ресторани или кафичи?
Дали некој има информација за ние што ги потрошивме средствата од кога ќе може да се тргнат рестрикциите н картичките и ќе можиме сами да си уплатиме средства и да ги користиме за други намени?