Прочитав дека до утре бил рокот за подигнување на картичката,дали тоа важи и за активација на картичката.Односно ја земав картичката ама неможам да ја активирам затоа што сеуште ми нема стигнато пин.Дали ако не ја активирам до утре ќе ми пропадне картичката?
До денес (18.07) е рокот за банките да ги издадат картичките, а не за подигнување. Јас, на пример, сум од оние кои беа дополнително додадени на листата. Прераспределена сум во Стопанска банка. Секако рокот е сега продолжен за оние банки кои ги изработуваат картичките за корисници кои како мене беа дополнително додадени на листата. Вчера се јавив за да добијам информација околу терминот и ми беше кажано дека картичките може да се подигнат и на 15.08 (односно крајниот датум за искористување на средствата) доколку сакаш. Така што нема врска, не се секирај, нема да ти пропаднат парите. Почекај си го пинот, активирај си ја и тоа е тоа.
Да, поднесов приговор уште првиот ден кога забележав дека ме нема на списокот. Ги наведов сите информации кои се бараа и објаснив дека сум студент. После тоа, не ми следуваше никакво известување. Едноставно налетав на еден линк на интернет каде пишуваше дека биле додадени 5000 студенти и средношколци и кога проверив испадна дека и јас сум меѓу нив. На страната на купувам домашно пишуваше дека сум прераспределена во Стопанска банка.
Сигурна сум дека имам видено знак купувам домашно во Сакам книги, но мислам дека претежно им се странски автори. По таа логика би требало да можат да се купуваат и книгите од Матица, Издавачки центар Три, итн. каде со сигурност има книги од македонски автори. Но провери ја информацијава, не ме држи за збор, како што реков, само во Сакам книги имам видено знак, не дека сум прошетала низ другиве во последно време ама сепак.
Јас се јавив во Стопанска вчера и кажаа дека картичките се готови а ќе го даваат од понеделник. За термин ќе известувале или преку порака на мобилен (доколку имаш сметка кај нив претходно, имаат и твој број) или преку нивната страна каде во делот Купувам домашно платежна картичка се внесува матичниот број. Иако не било проблем ако го пропуштиш терминот и ја подигнеш после тоа.
Не се картички, ваучери се и би требало на мејл да ти стигне во електронска форма. Барем така го доби тетка ми
Да, да. Треба да си резервираш и мислам нема потреба да го печатиш, само на пријавување треба да им го покажеш и да го скенираат кодот. И еднократно се трошат средствата, ако не ги потрошиш сите 6000 денари одеднаш ти пропаѓаат тие што ти остануваат. Кога ќе резервираш ќе ти кажат подетално сигурно.
не ја отвара дали дека помина 18 па сега ја исклучија у превод сите што не сте добиле картичка до сега нема ни да ја добиете