На маж ми во стопанска му пишува да ја подигне во Ново Лисиче а ние сме од Велес, ме интересира дали ако побараме да ни ја препратат во Велес ке ја пратат или нема шанси?
Би требало,затоа што на страната на стопанска пишуваше во најблиската филијала ќе бидат доставени,како што разбрав
Наши се, велешки.Ама не знам дали се имаат пријавено за проектот. Треба да се праша во продажното место.
Има ли некаде листа на домашни фирми и призводители кои се опфатени со картичкава ? Конкретно ме интересира за машка и женска облека .
Јас сличен проблем имав денес. Од еден крај на друг одев да ја подигнам картичката а буквално до зграда имам стопанска банка што издава картички ``најверојатно за мојата општина``. Врска нема ова, туку каде ни се паднала ``среќата `` од таму ги подигаме. Стопанска се најлоши како што приметив од сите банки со изработката на картичките. Инаку на официјалната страна на банката пишува дека доколку сте од друг град а во Скопје треба да ја подигнете , тогаш треба да се јавите у центалата и да им кажете да ви ја препратат. Целата процедура наводно максимум до 7 работни денови ќе биде. Еве подетално :
Што е форава со картичката пред точно 1 месец ми стигна пинот , се јавив кај 10 јули ми рекоа ако не стигне до 18 пак јавете се , се јавив вчера ми рекоа да вртам во каргото што ги доставува. Денес вртам во каргото никој не се јавува а другар бил и му рекле не е тука картицата... Хаос невиден
Јавете се ќе ви ја префрлат за една недела, јас така направив. @SURF најлоши според мене испаднаа НЛБ и комерцијална. Нлб демек до дома ќе ти ја донесат а испаѓа да одеш да си ја земеш плус не можеш да ги добиеш на телефон Del Co, ужас. Комерцијална пак не ги префрла картичките, мора да ја земеш од таму кај што ти пишува. А за да идеш до некој град ќе потрошиш сигурно 1/4 од сумата што ни следува. Да не збориме па за тоа колку не можеш да ги добиеш од контакт центарот, полесно лото ќе добиеш.
Ужас се. И на брат ми пред месец му пристигна пинот а картичката ја нема, делко пошто не креваат на телефон он отиде директно до делко и таму му рекле дека ја нема таму картицата, од нлб откако им пишаме 39393 пати ми побараа телефон наводно ќе провереле па ќе се јавеле и никаде ги нема. Во петокот во главната канцеларија на Делко поминувајќи таму видов дека чекаат над 30 луѓе во најтоплото Катастрофа се и едните и другите.
Јас слушнав дека сите овие на време си ги земале картичките дури пред 2 недели. За НЛБ многу луѓе ми рекоа дека по пошта ја добиле дома картичката. За ова за другите градови не знаев дека воопшто не се нафаќале да ги испратат картичките до локалните експозитури. Како и да е македонскиве банки (што технички странци ги имаат) испаднаа нај аматери во споредба со Халк и Шпаркасе.
Можеби во различни градови различно битно кај мене никој не му стигна дома. А јас мојата од стопанска требаше да ја земам на 24ти јуни а ја земав на 1ви јули поради трансферот.
Кај мене сестра ми е преку тутунска и до сега ја зема и потроши. Јас вчера пред полноќ накај 11.30 добив порака денес да ја подигнам