Исто и јас чекам, ѕвонам и ништо. Одам неколку пати до делко ми велат не е готова. Денес бев до дирекцијата, видов 100 души надвор и си отидов. Хаос, катастрофа и што уште не се.
Еј и мене ми стаиле термин за утре, фала ти шо ми пиша, ќе го пропуштев. Се завршува ли одма во Стопанска, после 2ч од терминот шо ми го дале имам испит, не би имала време да чекам со саати?
Би требало, се надевам нема да има гужви сепак нели и термин си имаме. Не знам како оди процедурата, знам треба лична карта да се прикаже и веројатно одма ја даваат и пин ти даваат или бираш ама не верувам дека е нешто подолго од ова Со здравје користење, конечно не ставија после приговорите
Јас ја земав од Стопанска, кога отидов на терминот пред мене имаше 20 души минимум, обезбедувањето пушташе по тројца. Внатре бргу се завршува ама додека да влезеш.. За 10тина мин, даваш лична карта потпишуваш на неколку места, си ставаш пин и тоа е тоа. Можеби сега веќе ќе нема многу гужва, мислам дека повеќето си ги земаа.
Ми стигна мене порака од Стопанска банка за да ја подигнам утре. Немам сметка таму, туку во друга банка и уште се чудам како ми нашле телефонски број. Можеби бараат податоци и од други банки. Како и да е, конечно картичката е готова, иако изгубив надеж околу прифаќањето на приговорите ама важно сè се среди.
Можеби веќе е одговорено прашањето но не ја следам темата. Дали ваучерот за домашен туризам може да го поклониш или мора да го користи само лицето на кое му е доделен?
А имате ли пари на картичката? Братучед ми ја зема во понеделникот и уште немало пари на картичката, се јавил прашал му рекле во вторник