Ми рекоа дека немало потпишано налог за пари да ни префрлат, хаос било се ради изборите. Или од следна недела или после 1 август ќе ставеле, да сме си проверувале.
Ме интересира за тие што зедоа купувам домашно од нлб,дали во електронското банкарство ви се појави и нова трансакциска сметка или само картичката ви стои? (кај мене веќе 20 дена стои картичката со статус Дистрибуирана картичка по пошт,јас веќе ги искористив средствата и сакам да ја користам за плакање со мои пари
Истиот ден на брат ми вчера му се јавиле и за пола саат ја донеле. Некои и чекале долго ако стигнала порака на вибер.
Не, не мислев за вибер. Мене ми пишаа пред месец ипол дека ми е готова, а денес ми се јавија дека им стигнала во канцеларија и кога прашав кога отприлика би ми стигнала дома, ми кажаа за неколку дена. Па затоа прашав, да знам бидејќи ретко сум дома преку ден па да не ги испуштам и да ги бркам после..
хахахах јас прееска во Кам си се отсрамив со ``терминалот ти ја одбива картичката дечко`` па на крај си платив се со кеш. После тоа отидов на банкомат и видов 0 денари. Фала ти Стопанска Банка за сите заебанции за 3000 ден, утре пак ќе те посетам
Гледам и претходно е прашано, но нема одговор. Дали некој знае каде може да се употреби картицата за мк облека?
Иначе што е најинтересно може и странски производи да се купуваат. Денеска во маалска продавница купив кока кола (ајде пивара ја праи) и требаше шеќер да зеам ама сите беа произведени у Србија и продавачот ми вика земи што си сакаш , ја куцна картицата бам и чао пријатно... Ваљда во мини продавници може све да се купува било македонско било странско а за маркети и големи продавници не знам...
Јас немам картичка. Другарка ми кажа дека денес зела нешто в маркет и платила со картичката (не прашале и не виделе каква е), другиот ден за истото нешто и рекле не можи со картичката во истиот маркет. Не се сеќавам за кој производ беше.