Проверете си во банките за насоки понатаму. @Amellie13 стопанска гледам имаат термини и треба да провериш онлајн кога и каде да одиш за самата да си ја земеш. https://www.stb.com.mk/DPK
Ти благодарам, баш сега видов дека ми пишува термин кога можам да ја земам и каде. Мислев дека порака треба да ми стигни.
Ако е невработено лице мора да биде активен барател на работа тоа значи да се пријавува во заводот на секој месец и тогаш и следат 9000. Ако е пасивен барач на работа, тие што се пријавуваат на 6 месеци не и следи ништо. Битно е до 22.5. да и бил статусот активен барач на работа. До 22.5. ги користеле податоците за изработка на списоците.
Можи и треба да стигни ако имаат ажурурани податоци, претпоставувам непосредно пред терминот, ама што си е сигурно си е сигурно, вака си знаеш
Дали има некој невработен а му пишале во категорија ниски примања? Не е мала разлика да земиш 3000 или 9000
Страната е крш затоа што е таква направена, а не затоа што има многу корисници. Страни по интернет со далеку повеќе корисници функционираат, овие не можат една функционална да направат. Да не треба со распоред да се вклучуваме, 10 луѓе денес, 10 утре
Кога проверувам на стопанска банка за термин, за ќерка ми пишува се исто како и за мене,но една другарка и пратила слика како изгледа и кај неа пишува дека е малолетно лице. И ќерка ми е исто малолетна но не пишува, па дали има некоја грешка во апликацијата се мислам или да им пишам меил?
А бе во се' гледате партиска основа. Еве мене ми следува, а немам никакви партиски врски. Повеќе би рекла дека се грешки на системот и да се надеваме дека ќе ги средат. Како упикувате во се политика, страшно
И мене со моминско ме пиши ама прашај си во банката таму е точно пишано. Јас сум не вработена од март ама само 3000 ме следува, дали дека не бев пријавена во завод
Јас ете, до март бев на породилно и после не вработена. Има врска сигурно дека не бев пријавена во заводот.
Мене и мм и двајцата не вработени а пријавени на 6м во завод ништо не следува. Не дека нешто очекував или се надевав...
На domasiedoma.gov.mk или така некако е страницата. И мејл треба да добиете за ваучерот, на оној што ви е пријавен во УЈП.
Мене ми е во Стопанска, ама пишува во Штип да си ја подигнам картичката. А јас сум од Кочани, мажена во Кавадарци, со сменети документи. И сега, кај да се пожалам за ова?