За ова комплет со пин морам да те демантирам. Точно е дека има проблем со доставата, но НЛБ веке година и повеке дистрибуира пин исклучиво по смс порака што важи и за овие картички. Без пин картичката неможе да се активира на банкомат, а со тоа и неможе да се користи.
Не смеат да издадат картичка, ако нема л.к. во тој случај треба извод од родени и родител. Картичките не може да ги злоупотреби зошто имаат обврска да ги вратат во банката ако нема потпишани документи и л.к. Грешка. Картичката после 15.08 може да се користи со свои пари, само до 31.12 без надомест, после тоа како и за сите останати сметки и картички си важи тарифата на банката.
Како ке испратат пин кога се работи за малолетно дете кое немало аметка во банка и нема оставено тел. број за смс
Сметка они си прават и брат ми немаше, а податоци како адреса, телефон, се оставаа на нивната веб страна, имаше електронска форма за оставање податоци која се пополнуваше и испраќаше на нив.
Секој кој го следуваше картичка беше потребно да потполни на веб страната на нлб валидни податоци вклучувајки адреса и тел број Муабетот дека банките ке ги земат парите е нереален Банките за изработка замаа многу повеќе пари
Банките ќе ги вратат неискористените средства на Министерство за финансии. Дури и од оние кои ги подигнале картичките се што ќе остане непотрошено до 15.08 ќе се враќа.
На мајка ми ѝ останаа уште малку неискористени пари од картичката, ама си го заборави пинот. Ќе можи без пин да "помини"?
Jaс пинот ниеднаш не го искористив откако ја земав Без пин може да се плати до 1000 денари мислам, над тоа бара пин. Ако знае колку пари има останато, може да ги потроши без проблем без пин.
Јас бев некни во СФ во Кисела Вода, ми рекоа не може кај нив. Е само не сфатив дали воопшто во СФ не може или конкретно во нивниот дуќан не активирале.
А дали може да се купува на интернет со картичкава, пример електронски да платам за нарачка од Тинекс или некоја друга македонска страна?
За платежната картичка можам на банкомат да проверам уште колку ми останува? Ме зезната во еден маркет наместо со картичката сами македонски производи да кивне тој се ми помина со картичката. Сторнирање изгледа не можело. И сега не знам дали се е наплатено или само домашното. И ова со ваучерот за туризам мора да ноќевам во хотел? Не може ли само да ручам на пр?