со овие последните измени нели се прошири кругот и картичка можеа да земат и самохраните родители. Дали тоа беше без разлика на тоа дали земаат минимална плата или не? Повеќе не е можно да се подигне купувам домашно картичка никако нели?
Може ли книгите на марица, сакам книги не во нивната продавница, туку во книжари да се плаќат со картичката купувам домашно, бидејќи не сум од Скопје?
Дали некој добил картичка од Шпаркасе? Со нормален изглед е или пишува на неа купувам домашно или нешто слично?
Родител доби ваучер зс туризам, која е постапката за употреба на истиот (јас да го искористам, ваљда може)?
Еј зошто да не може???? Пак е во рамки на семејство... Има некаде таква објава? Колешка од работа знам дека го нудеше за продавање...
Го добив тој ваучерот што беше за македонски производи, сега се пријавив за тој за туризам и не ми стигна мејл, пак денес внесов информации ми рекоа мејлот е пратен сеуште го нема. Има ли некој ваков проблем и како го решил?
Здраво! За неколку дена планирам да одам на неколку дена во Охрид. Знам дека по правило би требала да можам да плаќам во рестораните со купувам домашно картичката, но, како што читаме сите тука, сепак не сите места ја прифаќаат. Дали би сакал некој што плаќал со картичката во ресторани/кафулиња во Охрид да пише кои се тие барем да знаеме кои 100% работат? Ви благодарам однапред!
Дали некој у Тинекс пазарел со картицата? Ја продадов дома за 3000 , па со тие 3000 од картица у Тинекс ќе оделе да пазарат сеа, па ме занима дали ќе им бидат исти цените коа си со картица (читав некаде нешто поскапо било), као да рачунаат околу 3000 според цените на рафтовите точно ли ќе испадне? И не мора лично ја со нив да идам така?
Исти си се цените со тие на рафтовите. Ама нека земаат само од тие што се обележани е најсигурно зошто има некои македонски што не ги обележуваат дека се македонски. Нека си рачунаат на телефон Инаку не мора ти да одиш со нив.
Ај и тука да прашам, гледам активна е темата. Има ли некој со ваучер за туризам што го искористил во Охрид да ми препорача сместување? Искуства некој? И дали ги примаат и на места што не се наведени во листата или стриктно таму?